Македонија
Касами: Граѓаните покажаа дека за иднината на Македонија треба да одлучат народните избраници
Претседателот на движењето Беса, Биљал Касами, на прес-конференција посочи дека успеале до максимум да го мобилизираат опозицискиот албански глас во Македонија, како што рече, и покрај фактот дека како опозициска политичка партија се соoчиле со многу тешкотии за да го објават својот повик, како и ограничувања што власта им ги направила на нивните пратеници во презантацијата во делот на платената политичка програма.
„Дозволете да им се заблагодарам на сите што одговорија на нашиот повик за да излезат и да гласаат за овој референдум, со што си ја исполнија својата определба за НАТО и ЕУ“, рече Касами, кој додаде дека од одѕивот во населените места со мнозинство Албанци уште еднаш се докажува дека определбата на Албанците е НАТО и ЕУ.
Тој истакна дека иако овој процес не успеал да го достигне потребниот цензус од 50 отсто плус еден, граѓаните, како што кажа, испратиле јасна порака до политичарите, а тоа е дека за иднината на Македонија треба да одлучат народните избраници земајќи ја целата политичка одговорност во Собранието на Република Македонија.
„Партијата Движењето Беса е подготвена за следната фаза што е пред нас – уставните измени, каде што што ќе ги даваме нашите сугестии и видувања за да се направат потребните корекции за да имаме Устав што ќе гарантира потполна еднаквост на Албанците во Македонија и да изградиме сигурна еворпска иднина во НАТО и ЕУ“, истакна претседателот на Движењето Беса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

