Македонија
Петров: Ги отфрламе резултатите од референдумот, бараме оставка од Владата и вонредни избори

Денес е голем ден, ги одбранивме името и идентитетот. Со Македонија постоиме, без Македонија ќе нè снема, изјави претседателот на Семакедонскиот конгрес, Тодор Петров, кој посочи дека ги отфрлаат резултатите од референдумот и бараат оставка од Владата.
„Договорот со Грција е отфрлен со овој референдум. Според Уставот, пратениците најмалку 2 години не може да гласаат за договорот со Грција“, изјави Тодор Петров од прославата пред Собранието.
Додаде дека спогодбата Димитров- Коѕијас претставува кривично дело што се казнува со затвор најмалку 5 години и побара од јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, министерот и пратениците што гласаа за договорот и распишување на референдумот со конфискација на имотот. Тој побара и обвинителен акт за поткупување за време на референдумот.
„Бараме Владата да си поднесе оставка, Собранието да се распушти и да се оди на вонредни избори“, додаде Тодор Петров.
Петров ја изрази својата поддршка кон претседателот Ѓорге Иванов, кој, како што рече, на говорот во Обединетите нации во вистинска слика ја претставил Македонија.
„Предлагаме историско помирување со сите соседски држави, но под услов без меѓусебно мешање во внатрешноста на земјите и реципроцитет. Бараме Иванов да ја прогласи за ништовна спогодбата Димитров-Коѕијас и за тоа да ја извести меѓународната заедница“, рече Петров.
Претседателот на Семакедонскиот конгрес истакна дека ЕУ и НАТО не може да ги сменат името и нацијата на една држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.