Контакт

Регион

„Волстрит журнал”: САД и ЕУ го игнорираат Берлин, со поддршката на планот за промена на границите меѓу Косово и Србија

Објавено пред

САД и ЕУ ги приближија ставовите до поддршката на планот за корекција на границите меѓу Косово и Србија, игнорирајќи го спротивставувањето на Германија на планот, пишува американскиот „Волстрит журнал“, цитирајќи доверлив документ од Брисел, на кој весникот имал увид.

dobivaj vesti na viber

„Лидерите на САД и ЕУ се доближуваат до поддршката на планот, според кој двете балкански земји ќе ја заобиколат својата затегнато заедничка граница по должина на етничките линии, изолирајќи ја Германија, највлијателна сила на континентот, во отфрлањето на ваквиот пристап”, вели „Волстрит журнал“, цитирајќи документ.

Весникот вели дека во тој меморандум/документ, неодамна објавен од страна на Европската служба за надворешни работи за тоа како да се реши деценискиот спор меѓу Белград и Приштина, ЕУ изразила поддршка за заедничкиот план на двете страни, поддржан од администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, за прецртување на границите на југоисточна Европа, со цел да се осигури дека Косово ќе добие целосна државност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Еден од основачите на „Пајрат беј“ загина во авионската несреќа во Словенија

Објавено пред

Познатиот шведски претприемач кој е и еден од основачите на веб-страницата „Д Пајрат беј“ загина во авионска несреќа на Велика Планина во Словенија.

dobivaj vesti na viber

Авионот полета од Загреб во понеделникот за Швајцарија и се урна во Словенија, а во вторникот биле пронајдени остатоците од авионот и телото на пилотот.

Шведскиот претприемач и поранешен политичар Карл Улф Стур Лундстром, познат како еден од основачите на „Д Пајрат беј“, загина во авионска несреќа на Велика Планина, пренесува шведски „Експресен“.

Во понеделникот околу пладне, спасувачките служби откриле дека делови од авионот паднале врз куќа, јавуваат локалните медиуми.

Линдстром управувал со авионот и бил единствениот човек во него.

Тој беше познат и како претприемач и како десничарски екстремист. На изборите во 2021 година се кандидираше за партијата Алтернатива за Шведска. Во објава на платформата „Икс“, партијата напиша:

„Денеска не погодија трагични и незамисливи вести. Карл Лундстром, легенда и ветеран на шведскиот национализам, загина во авионска несреќа во понеделникот. Со својот авион „Муни М-20“ летал од Загреб до Сент Мориц во Швајцарија, но се урнал во Словенија.

Прикажи повеќе...

Регион

Обвинителството на БиХ нареди приведување на Додик

Објавено пред

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за приведување на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, на сослушување.

dobivaj vesti na viber

Додик, Вишковиќ и Стевандиќ треба да бидат приведени од судската полиција со асистенција на која било полициска агенција, пишува „Кликс“. Обвинителството ги товари за сторено кривично дело нарушување на уставниот поредок.

Од прес-службата на Вишковиќ во РС потврдија дека добиле информации за налогот за апсење потпишан од државниот обвинител Ќазим Хасанспахиќ. Оваа наредба, наводно, била проследена до правосудната полиција, Министерството за внатрешни работи на РС и Државната агенција за истрага и заштита (СИПА), но од Обвинителството на БиХ нема коментар.

Додик, Вишковиќ и Стевандиќ не се јавија на претходните покани од Обвинителството на БиХ на распит. Доколку не бидат приведени, ќе биде издадена внатрешна потерница според која секоја полициска агенција во БиХ може да ги приведе, вклучително и Граничната полиција.

Доколку не се приведени ниту врз основа на внатрешна потерница, тогаш се распишува потерница од Интерпол, односно меѓународна.

Прикажи повеќе...

Регион

Марк Руте: Ја поддржуваме нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, страните треба да направат компромиси

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, додавајќи дека страните мора да направат „соодветни компромиси“ во дијалогот што се води со посредство на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

„НАТО ќе продолжи целосно да ја поддржува нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, предводени од ЕУ. Ова е единствениот начин да се решат отворените прашања и да се обезбеди стабилна иднина и да се заштитат сите заедници.  За да продолжи овој дијалог, двете страни мора да покажат флексибилност, да направат соодветни компромиси и да се фокусираат на долгорочните придобивки“, рече Руте на заедничката прес-конференција со косовската претседателка, Вјоса Османи.

Руте додаде дека „целосно разбира дека ова бара тешки одлуки, но мора да се види поголемата слика“.

„Нормализацијата носи поголема стабилност, повеќе можности за инвестирање и следствено долгорочна безбедност за целиот регион во корист на сите. Ова е порака што ќе продолжам да ја повторувам“, рече Руте.

Тој додаде дека посветеноста на НАТО за стабилност и мир во Косово и во регионот останува непоколеблива.

„Нашите војници неуморно работат на обезбедување безбедна и сигурна средина во согласност со мандатот на КФОР. Побезбеден регион значи поголема безбедност за целата област на НАТО“, рече тој.

Тој додаде дека НАТО е подготвен да одговори на секој безбедносен развој.

„И во таа смисла, се надеваме дека ќе видиме уште подлабока соработка меѓу косовските институции и КФОР. НАТО ќе продолжи да ја игра својата улога во својот мандат за безбедност на сите. Ова го правиме во тесна соработка со косовската полиција, ЕУЛЕКС и нашите соодветни улоги“, рече Руте.

Генералниот секретар на НАТО оцени и дека сите страни треба да ја изберат дипломатијата наместо насилството.

Руте рече и дека НАТО е во близок контакт со српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Ќе бидам многу директен, само заедно можеме да имаме мир во регионот. Мора да има политичко решение, кое бара лидерство од сите политичари. Треба да работиме заедно“, рече Руте, додавајќи дека мандатот на НАТО е да се погрижи Косовските безбедносни сили да бидат ефективни во својата хуманитарна улога.

Тој понатаму рече дека благодарение на американскиот претседател Доналд Трамп е направен „чекор напред“ во однос на започнување преговори за ставање крај на војната во Украина.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа49 минути

(Видео) Објавени нови мапи, Русите напредуваат силно во Курск

Анализата на „Скај њуз“, врз основа на картографски податоци и геолокацирани снимки, покажува дека руската армија ги потиснала украинските сили...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи...

Свет2 часа

Како би можела да заврши војната во Украина, на маса се повеќе опции

Ограничен прекин на огнот, меѓународни мировни сили или откажување од територија? Постојат повеќе сценарија за можен крај на борбите во...

Македонија2 часа

Антикорупционерите ќе утврдуваат дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе проверува дали има судир на интереси, непотизам и корупција за тендерите во Министерството...

Европа3 часа

Пристигна реакцијата на Лавров за можниот мировен договор со Украина

Говорејќи во контекст на можниот мировен договор со Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју изјави дека...

Европа3 часа

Човек на Путин: Мировниот договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон

Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предложениот прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, денеска изјави дека секој...

Свет3 часа

Австралија: Царините на САД се неоправдани, но ние нема да возвратиме

Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави во понеделникот дека американските царини за австралискиот челик и алуминиум се неоправдани, но неговата влада...

Европа4 часа

ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

Европската унија планира силен одговор на глобалните царини на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум, пишува Политико, повикувајќи...

Свет4 часа

(Видео) Трамп им вети „пекол“ на напаѓачите на продавниците на „Тесла“

Нападите на продавниците на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пекол“, изјави американскиот претседател...

Свет4 часа

Стапуваат во сила царините на Трамп за челик и алуминиум

Во сила стапија царините наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на челик и алуминиум. Оваа мерка ја зголемува...

Македонија12 часа

Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ,...

Топ13 часа

Се судрија камион и цистерна на патот Градско-Прилеп, сообраќајот е во целосен прекин

Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат, Градско-Прилеп, кај селото Раец поради судир на цистерна и камион. Од АМСМ известија...

Свет14 часа

Трамп се надева дека прекинот на огнот во Украина ќе стапи во сила во следните денови

Претседателот на САД, Доналд Трамп зборуваше со новинарите пред Белата куќа, потврдувајќи дека очекува да разговара со Владимир Путин оваа...

Свет15 часа

Америка ја враќа воената помош во Украина, Киев: Подготвени сме на примирје од 30 дена

Соединетите држави и Украина издадоа заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе ја укинат...

Македонија16 часа

Единаесет лица се приведени за злоупотреба на тендер за набавка на мазут

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една...

Македонија17 часа

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....

Топ19 часа

Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот...

Македонија21 час

Чачарова-Илиевска: Не планирам денес да одам во Собранието за интерпелацијата, таа е недозволива и акт на преседан

Тања Чачарова-Илиевска од Судскиот совет нема да присуствува на седницата во Собранието за нејзината интерпелација заедно со интерпелациите за Весна...

Топ22 часа

Уапсени 11 лица, пронајдени оружје, документи, возила: МВР за вчерашната акција

Вчера е спроведена полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што...

Македонија23 часа

Жерновски: Добредојдовме во новото ненормално, во кое сме западнобалканска копија на Орбан

Поранешниот амбасадор и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, преку објава на социјалните мрежи реагира на владината надворешна политика....