Спорт
Атлетико по дербито бара објаснување од Ла Лига
Атлетико Мадрид, по градското дерби со реал, побарале од Ла Лига објаснување, кога точно се користи ВАР системот. „Мадрилењо“ на програмата беше во саботата и заврши без голови, но со неколку контроверзни одлуки. Од Атлетико очигледно сметаат дека одлу…


Атлетико Мадрид, по градското дерби со реал, побарале од Ла Лига објаснување, кога точно се користи ВАР системот. „Мадрилењо“ на програмата беше во саботата и заврши без голови, но со неколку контроверзни одлуки. Од Атлетико очигледно сметаат дека одлуките биле против нив поради и што побарале објаснување.
Моментот кој најчесто се посочува во медиумите е играњето со рака од страна на Каземио пред својот гол. Судијата во овој случај реши воопшто да не ја гористи помошта од ВАР-технологијата.
Атлетико, исто така се жалел и на неколку прекршоци што не биле судени за нив, а особено на ситуацијата кога Серхио Рамос диби жолт картон иако по лицето го удри Анхел Кореа.
Од клубот бараат објаснување зошто во овие ситуации не е употребена ВАР-технологијата, кој е воведен „за да им помогне на професионалците да си извршат своите задачи“.
Инаку, ова беше првото „Мадрилењо“ на кое имаше ВАР-технологија, но истата не беше употребена ниту еднаш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Артета: Живејте го моментот, прекрасно е ова што ни се случува

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ги замоли своите играчи да веруваат дека можат да ја освојат Лигата на шампионите, откако веќе го елиминираа „најдобриот противник против кој можеа да играат“.
Арсенал го победи актуелниот шампион Реал Мадрид со вкупен резултат од 5:1 во четвртфиналето од Лигата на шампионите, поради што многумина ги сметаат за главни фаворити за освојување на титулата.
„Навистина се радуваме на полуфиналниот натпревар, ќе дадеме сѐ од себе за да победиме. Ги гледам играчите во очи и гледам дека се радуваат на тоа. Мора да ги знаеме границите и колку далеку сакаме да одиме“, рече Артета, објави „Скај Спорт“.
Артета рече дека сите поврзани со Арсенал ја чувствуваат тежината на историскиот момент пред нивниот полуфинален натпревар со Пари Сен Жермен. Првиот натпревар се игра вечерва од 21 часот во Лондон.
„Живеј сега, во сегашноста. Имаме толку среќа што инвестиравме толку многу, го заработивме ова со нашата работа. Ова е прекрасен момент и треба да уживаме во него. Историјата е ирелевантна. Можеме да учиме од неа. Повеќе ме интересира блиското минато, за да можеме да бидеме подобри утре“, рече тој.
На прашањето дали неговиот тим може да се нарече фаворит по натпреварите против Реал Мадрид, Артета рече дека играчите „создадоа ентузијазам и можности што веројатно никој не ги очекувал“.
Во 2006 година, Арсенал загуби во финалето на Лигата на шампионите од Барселона, а три години подоцна во полуфиналето од Манчестер Јунајтед, и оттогаш не успеа да дојде до полуфиналната фаза.
Спорт
(Видео) „Метла“ за Мајами – Кливленд победи со најголема разлика во историјата

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс го декласираа Мајами Хит во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот во НБА, и се пласираа во полуфиналето на Источната конференција со максимален резултат од 4-0 во серијата.
Кавалирс победија во Мајами со 138:83. Претходните натпревари првите фаворити на Истокот ги добија со 121:100 (21 поен разлика), 121:112 (девет) и 124:87 (37 поени разлика).
Тоа се вкупно 122 поени во целата серија, најубедливата разлика во историјата на плејофот во НБА.
Претходниот рекорд го држеа Лос Анџелес Лејкерс од 1986 година, кога направија разлика од +109 во четири натпревари од плејофот.
Кога станува збор за повеќе од четири натпревари, рекордот го држеа Денвер Нагетс од 2009 година кога имаа +121.
According to @statmuse, the Cleveland Cavaliers +122 in the series vs the Heat is the LARGEST point differential in a playoff series in NBA history. https://t.co/jkepPMAQtH pic.twitter.com/P875xFNJrZ
— Extra Muse (@extra_muse) April 29, 2025
Српскиот репрезентативец, Никола Јовиќ беше единствената светла точка во тимот на Мајами, постигна 24 поени, речиси двојно повеќе од Бем Адебајо со 13, и Пеле Ларсон и Ендру Вигинс, кои имаа по 12.
Кливленд го предводеше Донован Мичел со 22 поени, Деандре Хантер имаше 19, Ајван Мобли 17, а Џарет Ален забележа 14 поени и 12 скока.
Кавалирс во наредната рунда ќе играат против победникот од серијата помеѓу Индијана и Милвоки, каде што Пејсерс моментално водат со 3-1.
Спорт
(Видео) Батлер и (не)очекуваниот херој Подзиемски го решија Хјустон

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 3-1 во четвртфиналната серијата, во Западната конференција, против Хјустон Рокетс.
Вориорс славеа во драматаична завршница со 109:106. Алперен Шенгун, кој во НБА го носи прекарот „Бејби Јокиќ“, го промаши шутот за победа, пред себе го имаше Дрејмонд Грин, еден од најдобрите дефанзивци во лигата.
Џими Батлер потоа ги погоди двете слободни фрлања и со тоа им донесе победа на „воините“. Батлер, кој поради повредата во вториот меч беше неизвесен и за овој натпревар ги предводеше Вориорс со 27 поени, шест асистенции и пет скока.
Инаку, икс фактор беше бекот на Вориорс Брандин Подзиемски кој постигна рекордни оваа сезона 26 поени. Стеф Кари постигна 17, а Бади Хилд 15 поени.
На спротивната страна, најдобар поединец на натпреварот беше Алперен Шенгун со 31 поен и 10 скока, но тоа не значеше многу по промашениот шут за победа.
Фред Ванфлит имаше 25, Амин Томпсон 17, додека Дилон Брукс го заврши натпреварот со 11 поени.
Серијата се враќа во Хјустон, каде што петтиот натпревар ќе се игра ноќта помеѓу среда и четврток од 01:30 часот.