Македонија
(Видео) Власта да се зафати со враќање на довербата во Избирачкиот список, порача ОБСЕ
Владата и администрацијата сериозно да се зафатат со решавање на прашањето за Избирачкиот список и враќање на довербата во него, порачаа од Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.
Ова е една од препораките на Мисијата по спроведениот референдум, од каде што потенцираат дека и покрај празнините во законската рамка, темелните слободи биле почитувани во непристрасно администрираниот референдум.
„Темелните слободи на собирање, здружување и изразување беа почитувани низ целиот процес иако непостоењето официјална кампања ‘против’ значеше дека гледиштата на кампањата ‘за’ доминираа, медиумите обезбедија опсежни информации и широк спектар на мислења“, рече амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Мисијата на ОДИХР за набљудување на референдумот.
ДИК го администрира референдумот непристрасно и одржуваше ефикасни состаноци, но недостигаше суштествена дебата за клучни прашања, велат меѓународните претставници и додаваат дека иако властите вложиле извесни напори да обезбедат јавни информации во врска со договорот, неговата содржина била недоволно објаснета.
„Доколку ги почитуваме оние што избраа да не гласаат, мораме да ги почитуваме и оние над половина милион граѓани кои сериозно го сфатија референдумот и одлучија да го дадат својот глас за иднината на земјата. За иднина се надеваме дека прашањето на точноста на избирачките списоци ќе биде најпосле решено. Сигурни сме дека ќе дојдат наредни избори, а треба да се има доверба во Избирачкиот список“, рече Штефан Шенах, шеф на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Меѓународните претставници во однос на цензусот посочија дека во разни држави има разни примери дали воопшто треба да постои праг на одѕив кога станува збор за консултативен референдум. Кај консултативниот референдум политиката ги прашува граѓаните, но на крајот одлучуваат политичарите за разлика од обврзувачкиот референдум, додаде Шенах.
ОБСЕ/ОДИХР генерално оцени дека референдумскиот процес минал во мирна атмосфера, без поголеми инциденти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

