Спорт
Поразот од Вардар ја прелеа чашата – Врањеш избркан на клоци од Веспрем
Унгарскиот Веспрем долго време важеше за ракометен гигант, меѓутоа низата слаби резултати донесоа до бркање на тренерот Љубомир Врањеш, неговиот помошник Бјорн Сатерстром и спортскиот директор на клубот, Никола Еклемовиќ.
Одлуката за нивна смена ја нап…


Унгарскиот Веспрем долго време важеше за ракометен гигант, меѓутоа низата слаби резултати донесоа до бркање на тренерот Љубомир Врањеш, неговиот помошник Бјорн Сатерстром и спортскиот директор на клубот, Никола Еклемовиќ.
Одлуката за нивна смена ја направи претседателот на клубот, Золтан Чик, по извештаите за конфликт во соблекувалната, јавуваат унгарските медиуми. По 10 години доминација, минатата сезона Веспрем ја загуби титулата од Пик Сегед, а по финалињата во 2010, 2015 и во 2016 загубија во четврт-финалето на ЛШ од данскиот Скјерн.
Сепак, управата застана зад Врањеш, нешто што ги налути ракометарите, по што тренерот реши да им ги намали платите, а атмосферата придонесе за поразите во ЛШ од Барселона (31:28) и Вардар (25:27), што ја прелеа чашата.
Во соработка со Арпад Штербик, Ласло Наѓ и Момир Илиќ, претседателот на клубот реши да го отпушти Врањеш. По ова, 50-ина навивачи на клубот влегоа на тренинзите на клубот со намера да го нападнат Врањеш.
На негово место доаѓа Иштван Ѓуљаш, поранешен репрезентативец на Унгарија, кој досега работеше со јуниорскиот тим.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Невладини организации побараа Аргентина и Меси да го бојкотираат мечот со Ангола

Неколку невладини организации апелираа до фудбалската репрезентација на Аргентина и до Лионел Меси да се откажат од пријателскиот натпревар во Ангола откако 30 лица загинаа во протестите во Луанда минатиот месец. Пртестите се одржаа против зголемувањето на цените на горивата.
Анголската фудбалска асоцијација неодамна објави дека Аргентина треба да биде гостува во Луанда во ноември во чест на 50-годишнината од независноста на таа јужноафриканска земја. Сепак, Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) сè уште не потврди дека натпреварот ќе се одржи.
Во отворено писмо упатено до АФА, националниот тим и добротворната организација Фондација Лионел Меси, четири граѓански организации ги обвинија властите на Ангола за „систематска репресија“.
Организациите, исто така, повикаа на откажување на натпреварот откако 30 лица загинаа минатиот месец во протестите против зголемувањето на цените на горивата.
„Инвестирањето милиони долари во спортски настан додека илјадници луѓе страдаат од глад, додека болниците се уриваат, а репресијата се зголемува не е легитимен приоритет, тоа е навреда на човечкото достоинство“, осудуваат овие организации, повикувајќи го Меси да направи „храбар, етички и хуманитарен чин“, барајќи откажување на овој натпревар.
Ангола е еден од водечките производители на нафта во Африка, но околу една третина од населението од речиси 38 милиони живее во сиромаштија, според податоците на Светската банка.
Спорт
Куруц ќе го пропушти Евробаскетот

Кошаркарска репрезентација на Латвија ќе биде ослабена на претстојното Европско првенство.
Балтичката селекција нема да може да смета на еден од најстандарните играчи во тимот на Лука Банки, Родионс Куруц.
Дека Куруц нема да игра на првенствотобеше јасно кога не беше во составот за „Акрополис Купот“ против Грција.
„За жал, Родионс Куруц нема да ги продолжи подготовките за Европското првенство, бидејќи службените лица на неговиот тим закажаа операција за целосно санирање на повредата на петицата“, се вели во летонското соопштение.
Куруц играше во Мурсија во последните две години, а од следната сезона ќе се врати во Евролигата каде што ќе игра за Басконија.
Латвија ќе игра на Евробаскетот во групата А со Естонија, Чешка, Португалија, Србија и Турција.
Спорт
Aжаксио замина во стечај

Фудбалскиот клуб Ажаксио поднесе барање за стечај до градскиот трговски суд, објави „Парисиен“. Резултатот од оваа постапка ќе биде отпуштање на 180 вработени и затворање на тренинг центарот на клубот.
На 13 август, Француската фудбалска федерација (ФФФ објави дека Ажаксио ќе биде исклучен од Лига 2 за новата сезона 2025/26 поради финансиски проблеми.
Минатата сезона, популарните „Мечки“ од Корзика го зазедоа 12-то место на табелата во Лига 2.
Ажаксио професионален клуб во 1965 година, а неговите бои ги бранеа некои познати француски фудбалери (Мариус Трезор, Доминик Баратели, Клод Ле Роја, Себастијан Скилачи, Стефан Порато, Јохан Кавали…), Франсоа М’Пел од Конго, Романецот Адриан Муцу, мексиканскиот голман Гилермо Очоа, Бразилецот Марселињо Кариока…
Ажаксио беше шампион на втората француска Лига 2 двапати, во 1967 и 2002 година. Во еден период, тренери на овој клуб беа познатиот холандски репрезентативец Руд Крол и познатиот италијански голгетер Фабрицио Раванели.
Пред Ажаксио, банкротираше Бордо а француските медиуми пишуваат дека неколку други клубови се во тешка финансиска состојба.