Македонија
Распишан јавен повик за финансирање проекти за млади

Град Скопје распиша јавен повик за финансирање програми и проекти за младите од интерес за Град Скопје за 2018 година со цел остварување на јавните интереси на младите. Програмите и проектите, манифестациите и активностите треба да обезбедат развој, стимулирање и презентација на општествени вредности за младите и достигнувања за подобрување на животот на младите на ниво на град Скопје.
Апликациите за добивање средства од јавниот повик за млади ги разгледува комисија. Средствата се доделуваат од буџетот на Град Скопје од програмата за активностите во областа на спортот и младите во градот Скопје во износ од еден милион денари.
Проектот со кој се конкурира и кој ќе биде избран треба да е краткорочен, т.е. целокупниот проект или последната негова фаза да заврши најдоцна до 15.12.2018 година.
Потребните податоци, како и предлог-програмите и проектите, програмските активности и манифестации, со финансиската конструкција треба да се достават на посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака број 16) или да се преземе од официјалната веб-страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk .
Јавниот повик трае вкупно 15 ден, до 16.10.2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва. На Табановце кон Србија за влез и излез од државата се чека од 20 до 30 минути, а на граничните премини Дојран и Богородица кон Грција времето на чекање е до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Според утринските информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен.
Македонија
Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица

Извршен е увид на местото на сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Кичево – Гостивар во која загинаа три лица, а осум беа повредени.
Државното јавно обвинителство утринава соопшти дека од местото на несреќата подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење, а телата на починатите се дадени на обдукција и дадена е наредба за испитување на евентуално присуство на алхокол или други супстанции кај повредените.
– По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Јавното обвинителство.
Македонија
Со протестен марш на семејствата, ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Во Кочани за денеска во 12:05 часот е најавен нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ова е трет протестен марш што го одржуваат семејствата на настраданите по последниот одржан на 12 април.
Протестниот марш ќе започне од Градскиот парк во Кочани и ќе продолжи кон Општината и Министерството за внатрешни работи.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март загинаа 62 лица од кои тројца за време на лекувањето во странство, а 193 беа повредени. Дел од загинатите и повредените беа и членовите на бендот „ДНК“ кој настапуваше таа вечер. Со истрагата се опфатени над 60 физички и три правни лица.