Црна хроника
Скопјанец лишен од слобода откако со нож повредил случаен минувач и физички нападнал друго лице

Во текот на вчерашниот ден околу 18:00 часот во скопското село Трубарево било пријавено дека Б.А. од село Трубарево заедно со уште едно непознато лице се прекачиле преку метална ограда на приватна фирма, но биле забележани од вработено лице во фирмата по што веднаш побегнале, информираат од полицијата.
Од МВР додаваат дека по ова двете лица биле пресретнати од случаен минувач, а Б.А. со нож замавнал кон минувачот и му нанел телесна повреда во пределот на раката. Инцидентот уште еднаш ескалирал кога по повредата на случајниот минувач, Б.А. бил пресретнат од вработениот, кого физички го нападнал.
Двете повредени лица биле веднаш пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а Б.А. бил пронајден и лишен од слобода. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.