Регион
НАТО да ги зголеми воените сили во Косово и БиХ, порача поранешниот шведски дипломат Карл Билд

Поранешниот шведски дипломат, Карл Билд рече дека НАТО и ЕУ, поради нестабилноста, треба да го зголемат своето воено присуство во Косово и во Босна и Херцеговина.
Билд ја коментираше пораката на социјалната мрежа „Твитер“ која што претходно ја објави Центарот за европски реформи, во која се наведува дека некои замрзнати конфликти на Западен Балкан се одмрзнуваат и го поставува прашањето дали Европската Унија може да осигури дека тие ќе завршат мирно.
My recommendation to Nato and EU is to start increasing troop strength in Kosovo and Bosnia in view of the instability this discussion will cause. https://t.co/KvUuP8EqiS
— Carl Bildt (@carlbildt) October 3, 2018
„Мојата препорака за НАТО и за ЕУ е да почнат да ги зголемуваат своите воени сили во Косово и во Босна и Херцеговина, поради нестабилноста”, напиша Билд на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.