Контакт

Здравје

Грипот уби 80 000 луѓе минатата сезона

Објавено пред

Грипот уби 80 000 луѓе минатата сезона, а 900 000 завршиле во болница, со што лани беше најлошата сезона на грип во последниве децении, објавија центрите за контрола на болести и превенција.

dobivaj vesti na viber

Бројките се шокантни. Досега, обично од грип починуваа од 12 000 до 56 000 луѓе годишно, во зависност од тоа колку е лоша сезона на грип, додека брјката на оие коишто завршиле во болница се движеше меѓу 250 000 и 700 000. Но, бројките за сезоната на грип 2017-2018 ги надминаа сите очекувања.

Според хирургот Џером Адамс, повеќето од тие што починале не биле вакцинирани. Меѓу нив има и 180 деца. ,,Тоа се здрави деца кои умираат од грип”, вели тој.

Забава

Две намирници што најмногу дебелеат кога се консумираат на „празен стомак“

Објавено пред

Појадокот е најважниот оброк, но треба да внимавате што јадете на празен стомак. Лекарите велат дека одредени намирници можат да бидат штетни ако се консумираат „на празен стомак“.

dobivaj vesti na viber

Зошто е важен првиот оброк наутро? Појадокот поттикнува многу метаболички процеси, па затоа е важно да знаете од кои состојки е направен и како тие влијаат на телото.

Тоа во голема мера го обликува нашето однесување во исхраната, влијае на здравјето на поединечните органи и на телото како целина. Утринскиот оброк влијае на нашето расположение, па дури и нашата телесна тежина често зависи од тоа што јадеме наутро.

Затоа експертите препорачуваат пиење чаша топла вода секое утро и избор на протеинска храна. А што не се препорачува?

Свежо исцеден сок

Киселите сокови, кои повеќето ги нарекуваме здрави и се направени од цедено овошје, можат да бидат штетни за желудникот. Покрај тоа, соковите се извор на едноставни шеќери кои нема да нè заситат, напротив!

Ако ги пиеме на празен стомак, тоа само ќе го зголеми апетитот и ќе ги зголеми мастите. Сето ова придонесува за дебелина. Нутриционистите велат дека ако претпочитате „течни“ оброци, подобро е да имате зеленчукови смутија за појадок.

Секаков вид печиво

Повеќето луѓе избираат печива за прв оброк наутро, но оваа храна е една од најлошите опции. Големата количина шеќер, масти и пченично брашно само го зголемува нивото на шеќер во крвта, што создава лажно чувство на ситост кое многу брзо поминува. Печивата на празен стомак само придонесуваат за прекумерна тежина.

Прикажи повеќе...

Забава

Шест чудни начини да согорувате калории без да се заморите

Објавено пред

Секако, калорискиот дефицит е главниот метод за губење на тежината, но сигурно е дека добриот метаболизам е подеднакво корисен во равенката.

dobivaj vesti na viber

Да, секако дека помага правилно да се храните, да вежбате во теретана за да градите мускули и да пиете вода, но постојат неколку необични начини да согорите неколку дополнителни калории без многу напор или замор.

Гума за џвакање
Докажано е дека гумата за џвакање ве прави да се чувствувате сити и го намалува внесот на калории со тоа што ве спречува да грицкате.

Но, покрај тоа, истражувањата покажаа дека ако џвакате гума околу 20 минути по секој оброк, согорувате повеќе калории отколку ако не го правите тоа. Ако го практикувате ова, изберете гума за џвакање без шеќер.

Преферирате ладно пред топло
Кафеавите масти се еден од двата вида масти што се наоѓаат во човечкото тело. Она што е фасцинантно е дека кога кафеавите масти се стимулираат, тие можат да согоруваат бели масти или складирани калории.

Според истражувањата, изложеноста на ниски температури може значително да го зголеми согорувањето на калории, во зависност од тоа колку активни кафеави масти имате во вашето тело.

Можете да се обидете да ја намалите температурата во вашиот дом, да се туширате со ладна вода или дури и да прошетате во деновите кога е малку ладно.

Станете дарител на крв
Кога дарувате крв, бројот на калории што ги согорувате се зголемува – барем привремено. Кога дарувате крв, вашето тело ја користи дополнителната енергија за синтеза на нови протеини, црвени крвни зрнца и други компоненти на крвта за да го надомести изгубениот волумен.

Истражувањата исто така покажуваат дека дарувањето крв може да обезбеди многу здравствени придобивки, вклучувајќи намалување на маркерите, зголемување на антиоксидантната активност и намалување на ризикот од срцеви заболувања. Најважно од сè, секако, секој пат кога дарувате крв, спасувате живот.

Смеа
Смеата е најдобриот лек, според клишето, но и според истражувањата, бидејќи помага за меморијата, имунолошкиот систем и функцијата на артериите, а може да ви помогне и да согорите калории.

Во една студија, 45 парови гледале комедии. Кога се смееле за време на смешни сцени, нивниот метаболизам се зголемил за 10–20%.

Плачење
Се смета дека плачењето согорува приближно иста количина калории како и смеењето – 1,3 калории во минута, според една студија. Тоа значи дека за секои 20 минути што плачете, согорувате 26 калории повеќе отколку што би согорувале без солзи.

Движете се кога сте нервозни
Не ја потиснувајте нервозата што ја чувствувате. Продолжете да ја движите ногата под вашата маса, бидејќи истражувањата покажуваат дека тоа му помага на вашиот метаболизам.

Во една студија, луѓето кои се движеле додека седеле согорувале во просек 5 до 6 пати повеќе калории отколку кога седеле или стоеле мирно.

Оваа логика се нарекува термогенеза на активност без вежбање (NEAT) и може значително да го зголеми бројот на калории што ги согорувате секој ден. На пример, еден тим истражувачи сугерираше дека комбинацијата од џогирање, одење и стоење може да согорува до 2.000 дополнителни калории дневно – во зависност од тежината и нивото на активност на лицето.

Алтернативно, можете да ги користите скалите, да стоите наместо да седите на вашата маса или да ја чистите куќата.

Прикажи повеќе...

Забава

Храна што никогаш не треба да ја јадете на празен стомак

Објавено пред

Иако појадокот се смета за најважен оброк во денот, многу луѓе го прескокнуваат.

dobivaj vesti na viber

Меѓутоа, ако сте еден од оние луѓе кои појадуваат, еден лекар советува што треба да избегнувате за време на првиот оброк во денот.

Д-р Лоана Андраде Пелајо предупреди дека не треба да консумирате храна богата со јаглехидрати на празен стомак, истакнувајќи дека оваа мала промена може да има значително влијание врз вашето здравје.

Таа објасни дека прилагодувањето на редоследот на јадење може да ви помогне подобро да го контролирате шеќерот во крвта и да избегнете одредени здравствени состојби.

„Она што навистина сакаме да го направиме е да го контролираме лачењето на инсулин“, рече таа.

Ова значи дека е важно да го следиме правилниот редослед на исхрана, бидејќи тоа може да им помогне на нашите тела да функционираат подобро и да станат поефикасни во спречувањето на дијабетес тип 2 или инсулинска резистенција.

Ако прво јадете зеленчук и протеини, а потоа јаглехидрати, нивото на шеќер во крвта нема да се зголеми, а секрецијата на инсулин ќе биде под контрола.

Истражувањата ги поткрепуваат нејзините тврдења – едно покажува дека појадокот често предизвикува најголем скок на шеќерот во крвта по оброкот кај луѓето со дијабетес тип 2.

Затоа појадокот што е сиромашен со јаглехидрати и богат со масти и влакна помага во намалувањето на скоковите на шеќерот по оброкот.

Оваа едноставна промена може да ги намали и вкупните нивоа на шеќер во крвта во текот на денот и да ја подобри нивната стабилност.

Студија објавена во списанието Nature покажува дека консумирањето јаглехидрати на празен стомак предизвикува нагло зголемување на нивоата на млечна киселина.

Во студијата, 15 учесници направиле орален тест за толеранција на гликоза по 12 часа постење, консумирајќи 75 грама гликоза во вода.

Резултатите покажале дека нивоата на млечна киселина почнале да се зголемуваат по само пет минути, додека нивоата на гликоза во крвта не почнале да се зголемуваат сè до околу 30 минути подоцна.

Студијата сугерира дека консумирањето јаглехидрати на празен стомак води до претворање на гликозата во млечна киселина во цревата, која потоа се апсорбира во крвотокот.

Ако консумирате јаглехидрати на празен стомак – што најверојатно е за време на појадокот – тоа може да доведе до млечна ацидоза. Ова е форма на метаболна ацидоза што се јавува поради недоволно отстранување на млечната киселина од крвта.

Експертите забележуваат дека млечната ацидоза може да предизвика сериозни компликации. Најголемиот проблем е зголемената депресија на срцевиот мускул што се јавува поради намалената pH вредност на крвта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Во „Пониква“ не можеш ниту на одмор да одиш, а не пак да третираш сериозни медицински состојби: Филипче од Кочани со критики до власта

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од Кочани, со критики до актуелната власт за како што рече, неспособноста да се справи...

Македонија42 минути

Изготвил лажни одобренија за градење, трошел повеќе од дозволеното за репрезентација и ненаменски трошел пари предвидени за гориво, кривична за градоначалникот на Росоман

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Н во својство на Градоначалник на Општина...

Македонија58 минути

Оваа учебна година направивме многу, обезбедивме учебници, ги зголемивме платите на наставниците и тие ќе продoлжат да растат: Јаневска за крајот на учебната година

На основците и средношколците што денес ја завршуваат учебната година им честитам на напорната работа и заслужениот успех. Пред вас...

Македонија1 час

Власта системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера, велат од ДУИ

Уставниот суд е во завршна фаза на подготовки за укинување на Законот за употреба на јазиците, истакнуваат од ДУИ. Од...

Македонија1 час

Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата

Трагедијата во Кочани во која животот во загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и додаваат...

Македонија2 часа

Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите, велат од СДСМ

Македонија повторно се соочува со огромен раст на цените и инфлацијата, а Владата реши да ги покачи платите на функционерите....

Свет2 часа

Орбан: Дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите, оваа војна не може да се добие

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Украина ѝ е потребно примирје, преговори и мир, како и дека „дипломатите треба...

Свет3 часа

(Видео) „Останете во засолништата“ погодена породилна болница во Одеса, Киев со часови под силен руски напад

Русија изврши силен напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во Одеса, погодена...

Свет3 часа

Трамп: Непочитувањето нема да се толерира, ќе удриме посилно од кога било

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците на протестот во Лос Анџелес „имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите...

Свет16 часа

Руте: Русија би можела да не нападне во рок од пет години

Русија би можела да започне напад врз НАТО во рок од пет години, предупреди шефот на воената алијанса, Марк Руте,...

Македонија17 часа

(Видео) Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар

Владата, наместо да гради систем што треба да се грижи за здравјето на граѓаните, создава систем што го става во...

Македонија18 часа

Aлиу нов министер за здравство

Попладнево пратениците во Собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство. Алиу кој доаѓа од редовите на коалицијата...

Македонија18 часа

Даночна измама, перење пари, злосторничко здружување: кривични за 23 физички и 15 правни лица од Струмица, го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција...

Македонија19 часа

Обвинителството не докажа дека таткото на Вања го сторил делото, освен нечија перцепција дека бил чуден, нема доказ дека е вмешан, вели адвокатот Туфегџиќ

По денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на убиената...

Македонија21 час

Приведен бизнисменот Ристо Крмзов, осомничен за финансиски криминал

Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, за кого минатата година во септември беше отворена предистрага за финансиски...

Економија22 часа

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик...

Економија22 часа

Објавени повици за самовработување, за млади до 29 години грант до 10.000 евра, а за невработени над 29 години грант до 7.000 евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Селајдин Белули,...

Македонија22 часа

(Видео) Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува, скандал е да се пали пиротехника, која што е забранета, велат од СДММ

„Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Додека родителите и семејствата...

Македонија22 часа

Ослободителна пресуда за струшкиот градоначалник, Мерко законски го набавил луксузното „ауди“

Основниот суд во Струга го ослободи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој беше обвинет за незаконска набавка на луксузното службено...