Регион
Откриена плантажа со марихуана во Хрватска

Плантажа со марихуаната од која може да се добијат околу четири килограми дрога пронајдоа истарските полицајци во Пешчаниот Залив во близина на Пула, а за стореното кривично дело „недозволено производство и трговија со дрога и овозможување на потрошувачка на дрога“ се осомничени 32-годишно момче и 41-годишно момче од Пула, објави во четвртокот полицијата на Истра.
Според шефот на Службата за организиран криминал, Валтер Гржета, врз основа на сознанија дека во дворот на куќата во Пешчаниот Залив во близина на Пула се одгледува индиски коноп и дека 32-годишен и 41-годишен маж се занимаваат со трговија на дрога, полицијата во вторникот, 2 октомври, изврши претрес во дворот, гаражата и оставата.
Освен дрога, полицијата пронајде и одзеде прецизна дигитална вага, мобилни телефони и други предмети наменети за извршување на кривичното дело.
Одговарајќи на новинарско прашање Гржета рече дека двајцата осомничени не ѝ се познати на полицијата, а марихуаната била наменета за улична препродажба.
По кривичната истрага, осомничените беа однесени во притворската единица на истарската Полициска управа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.