Црна хроника
Полицијата трага по штитеничка од Домот ,,25 Мај”
Полицијата трага по штитеничка од „Дом 25 Мај”. Како што информира МВР, вчера во 15:25 часот во Полициската станица Карпош вработен во ЈЗУ„Дом 25 Мај“ пријавил дека претходниот ден од домот се оддалечила нивна 16-годишна штитеничка. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна 14-годишно девојче од Скопје, случајот го пријавила мајката
Вчера во 20.45 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 44-годишната С.А. од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка, 14-годишната С.А. од Скопје, која и претходно се оддалечувала од домот и била враќана.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Исчезна малолетник од Кочани, можно е 16-годишникот да се наоѓа кај пријателка во Берово
Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Кочани, 53-годишната В.Т. од Кочани пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син, 16-годишниот М.Т. од Кочани, извести МВР.
Според пријавеното, можно е малолетникот да се наоѓа кај негова пријателка во Берово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Пожар во куќа во Кичево, нема повредени лица
Денеска во 00.35 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улицата „Јордан Пиперката“ во Кичево настанал пожар на затворен балконски простор на вториот кат од куќата сопственост на 69-годишниот Б.П. од Кичево.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, извести МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.