Црна хроника
Скопската полиција трага по 14-годишно девојче
Скопската полиција трага по 14-годишно девојче. Вчера во 20:45 часот во Полициската станица Карпош вработена во ЈУ за загрижување деца со воспитно-социјални проблеми – Скопје пријавила дека истиот ден околу 17 часот од училиштето се оддалечила нивна 14-годишна штитеничка. Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна 14-годишно девојче од Скопје, случајот го пријавила мајката
Вчера во 20.45 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 44-годишната С.А. од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка, 14-годишната С.А. од Скопје, која и претходно се оддалечувала од домот и била враќана.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Исчезна малолетник од Кочани, можно е 16-годишникот да се наоѓа кај пријателка во Берово
Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Кочани, 53-годишната В.Т. од Кочани пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син, 16-годишниот М.Т. од Кочани, извести МВР.
Според пријавеното, можно е малолетникот да се наоѓа кај негова пријателка во Берово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Пожар во куќа во Кичево, нема повредени лица
Денеска во 00.35 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улицата „Јордан Пиперката“ во Кичево настанал пожар на затворен балконски простор на вториот кат од куќата сопственост на 69-годишниот Б.П. од Кичево.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, извести МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.