Контакт

Регион

Судењето против Санадер ќе почне на 23 ноември

Објавено пред

Почетокот на судењето против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за корупција во случајот „Ина-МОЛ“ е закажано за 23 ноември. Освен на Санадер, ќе му се суди и на челникот на унгарската компанија МОЛ, Золт Хернади.

dobivaj vesti na viber

Подготвителното рочиште за судењето повеќепати беше одложувано поради разни барања на одбраната, што, според Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) при Државното правобранителство на Република Хрватска, беше намерно одолжување на постапката.

За разлика од Хернади, кој е во бегство, Санадер присуствуваше на подготвителните рочишта, но не даваше никакви изјави, како ни неговата адвокатка Јадранка Слоковиќ.

Станува збор за случај во кој Санадер е осуден на 10 години затвор за примање мито од Хернади. Врховниот суд му ја намали казната на осум и пол години, но Уставниот суд ја укина пресудата. Освен за примање мито од Хернади, на Санадер во првостепената постапка му се судеше и за земање провизија од австриската Хипо банка, но постапките во меѓувреме беа одвоени.

Хрватска за Хернади распиша европска потерница. Унгарија одбива да го спроведе налогот за негово апсење и покрај тоа што Европскиот суд во Стразбур објави дека Унгарија не смее да го игнорира само врз основа на одлуката на унгарското јавно обвинителство за запирање на истрагата во рамките на која Хернади бил испрашан како сведок.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Уапсен поранешниот српски кошаркарски репрезентативец и активист Владимир Штимац

Објавено пред

Поранешниот кошаркарски репрезентативец и активист Владимир Штимац беше уапсен синоќа во Белград. Како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи, Штимац е уапсен пред зградата на РТС.

dobivaj vesti na viber

Инаку, српското Министерство за внатрешни работи кратко по 2 часот наутро објави дека привело 37 лица кои, како што велат, учествувале во нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти пред Собранието. Додадоа дека трагаат по други сторители на истите дела. Провладините таблоиди објавуваат дека, како што велат, тој е уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград бидејќи „цел ден поттикнувал насилство пред Собранието“.

За потсетување, Штимац вчера остро реагираше по инцидентот пред српското Собрание, испраќајќи порака до претседателот Александар Вучиќ за нападот врз млад човек кој дошол да ги поддржи демонстрантите.

На платото пред Собранието, неколку десетици луѓе од шаторската населба позната како „Чациленд“ го нападнаа младиот Ненад, член на кампањата „Да трчаме за студентите“. Тој минувал за да ја поддржи Дијана Хрка, мајка на млад човек кој трагично загина при пад на настрешницата во Нови Сад пред една година, а напаѓачите му го одзеле знамето со натпис „Трчам за студентите“.

Кратко по инцидентот, познатиот кошаркар објави кратка и директна порака до Вучиќ.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Хаос во Белград, одекнуваат топовски удари

Објавено пред

Големи тензии се забележани вечерва пред Народното собрание во Белград, каде што голем број граѓани се собраа во поддршка на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која утрово започна штрајк со глад.

dobivaj vesti na viber

Во исто време, во непосредна близина, во шаторска населба со прекар „Чациленд“, се собраа и поддржувачи на владата, а меѓу двете групи беше поставен силен кордон од полицијата за немири, пишува Нова.рс.

Како што објавија Нова.рс и Н1, пред зградата на Народното собрание одекнуваат топовски удари, а на улицата има голем број припадници на интервентната полиција кои се обидуваат да ги одвојат двата табора со кордон.

Прикажи повеќе...

Регион

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“

Објавено пред

Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.

dobivaj vesti na viber

Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.

Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.

Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.

Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.

Изземање од санкциите побарала Унгарија, но Трамп одбил.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната и ние сме вашата опција, затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме. Во создавањето на ова движење, во овие 60...

Македонија8 часа

(Видео) Фатмир Дехари падна од народот кој се обедини против раскалашеноста и недомаќинското работење, рече Мицкоски за победата во Кичево

Премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва многу порано отколку во првиот круг прогласи голема победа на...

Македонија8 часа

Орце Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја слави победата на денешните избори. Тој вели дека вечерва...

Македонија9 часа

(Видео) Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска...

Македонија9 часа

(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата

Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата. Од обработени 97,69% досега,...

Македонија10 часа

(Видео) Филипче: Покрај освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа уште во три

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање на вториот круг на изборите....

Македонија10 часа

Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во...

Македонија10 часа

Тошковски ги оцени изборите како најмирни во последните години: Во цела држава имаше 30 пријави, во најголем дел наводите не беа потврдени

Денеска, како во првиот круг од локалните избори, можеме со гордост да констатираме дека и вториот круг помина во исклучително...

Македонија11 часа

(Видео) Левица: Во голем број од изборните места има мртва трка помеѓу двата кандидати за градоначалник на Скопје

Задоволни сме од излезноста во урбаните средини, исклучок се општините Чаир и Сарај, кадешто има неверојатно мала излезност, дури и...

Uncategorized11 часа

Нови првични резултати: Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, во Карпош Лукровски

Според првичните резултати од вториот круг на локалните избори 2025, во Скопје води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски со над...

Македонија12 часа

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто

До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија....

Македонија12 часа

Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува

Денеска го исполнивме нашето демократско право, правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од...

Македонија12 часа

Сиљановска-Давкова: Имавме европски избори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денешните избори ги оцени како европски. „Имавме европски избори“, напиша таа на социјалните мрежи откако го оствари...

Топ16 часа

МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница

МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски. Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од...

Топ17 часа

53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран

Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55)...

Топ18 часа

Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал

31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата. Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник...

Свет19 часа

Полицијата ги објави првите детали за напаѓачите од возот во Англија

Две лица сè уште се борат за живот по масовниот напад со нож во воз помеѓу Донкастер и Лондон вчера...

Македонија21 час

Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена

Денеска нема да се одржи гласање во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради недоволна излезеност во...

Свет22 часа

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи...

Свет23 часа

Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во...