Црна хроника
За еден месец уапсени 120 лица поради поврзаност со дрога во Тетово и Гостивар
Во рамките на планираните активности на Секторот за внатрешни работи Тетово за откривање и санкционирање на лица кои се инволвирани во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, во текот на минатиот месец, поточно од 6 до 28 септември, лишени од слобода се вкупно 120 лица.
МВР соопшти дека најголемиот број од нив, 92, се лишени на тетовското, а 28 на гостиварското подрачје. Претежно станува збор за машки лица на возраст од 15 до 45 години, не само од Тетово и Гостивар, туку и од повеќе села, кај кои се пронајдени, фотодокументирани и одземени марихуана, кокаин, хероин, хашиш и екстази.
По целосно документирање на случаите против лицата се поднесуваат соодветни кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна 14-годишно девојче од Скопје, случајот го пријавила мајката
Вчера во 20.45 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 44-годишната С.А. од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка, 14-годишната С.А. од Скопје, која и претходно се оддалечувала од домот и била враќана.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Исчезна малолетник од Кочани, можно е 16-годишникот да се наоѓа кај пријателка во Берово
Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Кочани, 53-годишната В.Т. од Кочани пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син, 16-годишниот М.Т. од Кочани, извести МВР.
Според пријавеното, можно е малолетникот да се наоѓа кај негова пријателка во Берово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Пожар во куќа во Кичево, нема повредени лица
Денеска во 00.35 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улицата „Јордан Пиперката“ во Кичево настанал пожар на затворен балконски простор на вториот кат од куќата сопственост на 69-годишниот Б.П. од Кичево.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, извести МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.