Македонија
Спортски екипи од средните училишта од Скопје се натпреваруваа со свои врсници од Нирнберг

Одлични резултати постигнаа најдобрите спортски екипи на средните училишта од Скопје, кои изминативе неколку денови се натпреваруваа со своите врсници од збратимениот град Нирнберг, Германија.
Средношколските тимови од Скопје беа поуспешни во натпреварувањата, постигнувајќи генерален резултат од 6 победи и 1 пораз.
На отворањето на спортските натпревари во Нирнберг се обратија портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, и Харалд Шмит (Harald Schmidt) директор на училиштето Бертол Брехт.
,,Градот Скопје е активно вклучен во многубројни активности и програми кои имаат за цел да ја поттикнат помладата генерација да спортува. Сигурен сум дека секој од Вас ќе го даде својот максимум во денешните натпревари, но исто така, ве охрабрувам да ја искористите оваа можност за дружење, стекнување нови искуства и пријателства”, кажа Салиху.
На натпреварувањата беа постигнати следниве резултати:
КОШАРКА
Машки
Скопје 103-55 Нирнберг
Женски
Скопје 67-35 Нирнберг
РАКОМЕТ
Машки
Скопје 34-32 Нирнберг
Женски
Скопје 38-18 Нирнберг
ОДБОЈКА
Женски
Скопје 2-0 Нирнберг (25-19; 25-6)
ФУТСАЛ
Машки
Скопје 5-2 Нирнберг
Женски
Скопје 0-8 Нирнберг
На затворањето на спортските натпревари на присутните им се обрати и Клеменс Гесел (Klemens Gsell), заменик-градоначалник на градот Нирнберг.
Покрај спортските натпревари, учениците од Скопје имаа можност да го прошетаат градот Нирнберг и да ги посетат знаменитостите на градот, како и да ја посетат зоолошката градина.
Натпреварите на најдобрите спортски екипи од средните училишта од Скопје во Нирнберг се продолжение на праксата за организирање вакви натпреварувања, а во изминатите години се организираа патувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и во Белград.
Покрај средношколските спортски лиги на Град Скопје, во чии натпреварувања годинава учествуваа над 6.000 средношколци, годинава за првпат од буџетот беа обезбедени и стипендии за 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици, од по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре еден час помалку спиење – во два по полноќ почнува летното сметање на времето

Вечерва, сабота кон недела, почнува летното сметање на времето.
Тоа значи дека стрелките на часовникот во два часот наутро на 30 март ќе се поместат еден час нанапред и ќе биде три часот.
Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по полноќ.
Летното сметање на времето е договореното правило за поместување на часовниците напролет, во последната недела од март. Овој систем во светот е стар повеќе од еден век. Предложен е 1905 од британскиот претприемач и градежник Вилијам Вилет, но бил прифатен во 1916 година со цел заштеда на јаглен.
Во Македонија летното сметање на времето е воведено во 1983 година, кога таква одлука била донесена на ниво на тогашната Сојузна федеративна република Југославија.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне

Времето денеска, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
И во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови.
Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер.
Македонија
Големо невреме на автопатот Штип-Миладиновци, зголемен број на одрони

Големо невреме вечерва има на автопатот Штип-Миладиновци. Кај наплатната станица Кадрифаково покрај поројниот дожд имало и град.
Подружницата на „Македонија пат“, информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево-Пехчево-Берово, екипи на претпријатието работат на нивно чистење.
„Апелираме на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Екипите остануваат на терен до целосно отстранување на одроните“, информираа од „Македонија пат“.