Македонија
(Видео) Единствена Македонија: Одѕивот на референдумот беше околу 32 отсто
Единствена Македонија не го признава резултатот од референдумот. Од партијата тврдат дека над 70 илјади гласови се злоупотребени со груб фалсификат и дека одѕивот бил 32, а не 36,9 отсто.
„Како што е познато, Кризниот штаб против референдумот за време на одржувањето на референдумот имаше 1 646 набљудувачи кои беа распоредени надвор пред избирачките места на законски определената одалеченост и кои ја бележеа на соодветни листови со цртки излезноста на гласачите. Со овој број на набљудувачи беа покриени 2 650 избирачки места земајќи предвид дека во една зграда има повеќе избирачки места. Нашите набљудувачи беа надвор во дворовите пред избирачките места, од причина што Државната изборна комисија не дозволи Кризниот штаб да има свои набљудувачи во просториите каде што се гласа“, изјави Билјана Џинго, членка на Извршниот комитет на Единствена Македонија.
Таа информира дека според податоците што ги добиле, излезноста е околу 32 отсто или на гласање излегле околу 576 илјади гласачи. Според ДИК, одѕивот се 36,91 или 666 743 илјади гласачи, што е разлика споредено со податоците на Единствена Македонија од околу 90 000 гласачи.
„Значи, се остваруваат информациите дека на денот на гласањето во периодот од 17 до 19 часот масовно се полнети кутиите. Дури, според податоците, на избирачки места во средините каде што живее албанското малцинство на секои 11 секунди гласал по еден гласач, што е само посебе надвор од секаква изборна и човечка логика“, рече Џинго.
Според неа, останува мистерија изненадната попладневна средба на самиот ден на референдумот меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети. Но, додаде Џинго, непобитен факт е дека по оваа средба на самиот ден на референдумот, поточно по 17 часот, масовно се полнети кутиите во средините каде што живее албанското малцинство.
Таа повтори дека Кризниот штаб против референдумот „Македонија бојкотира“ не ги признава референдумските резултати, а гласањето на 30 септември го оцени како тежок фалсификат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

