Македонија
МВР: Посебен сообраќаен режим поради најавени манифестации во Скопје
Поради одржувањето на најавени манифестации во Скопје, за време на викендов, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим како во насока на непречено одвивање на манифестациите така и со цел да се избегнат сообраќајниот метеж и застои.
„Денеска и утре во период од 7:00 до 17:30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје, ќе се одржи меѓународен кружен натпревар во автомобилизам ‘Скопје 2018’. Натпреварувачката траса ќе биде од потегот на крстосницата на булеварот Крсте Петков – Мисирков со булеварот Гоце Делчев, право до крстосницата на булеварот Гоце Делчев и улицата Беласица до надвозникот на железничката пруга на исток (кај Железничката станица), северно продолжува до кружниот тек (кај хотел ‘Континентал’), јужно до крстосницата на улицата Владимир Комаров и улицата Беласица во Скопје. Притоа, сообраќајната полиција покрај затворањето за сообраќај на делниците предвидени во тркачката траса ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот и на сообраќајните во близина на трасата.
Според информациите, в недела во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во период од 7:30 до 11:00 часот, ќе се одржи улична трка на 10 километри насловена како „Скопје трча 10К 2018“. Трасата на трката е од булеварот Илинден на потегот од крстосницата со улицата Наум Наумовски Борче до крстосницата со улицата Љубљанска во Скопје, при што за сообраќај ќе биде затворен булеварот Илинден на потегот од крстосницата со булеварот Климент Охридски до крстосницата со улицата Никола Парапунов.
И во овој случај покрај затворената делница за сообраќај посебно ќе биде регулиран режимот на сообраќај на сообраќајниците во непосредна близина на трасата.
И исто така в недела, во организација на здружението „Борка – За секој нов ден“, во период од 10:00 до 15:00 часот во рамки на кампањата за борба против рак на дојка, насловена како „Напред розово 2018 – чекори против ракот на дојка“, ќе се одржи марш со траса на движење од објектот Школка во Градскиот парк во правец кон Зоолошка градина, покрај ТК „Југ“, десно по патеката покрај Зоолошката градина сè до паркингот пред Градско собрание каде што се врти десно. Потоа маршот ќе се движи право по булеварот Илинден покрај бараките на Градско собрание сè до Фонтана и се врти десно покрај чешмата во правец на Школка, каде што и ќе се одвива централниот настан. Од тие причини сообраќајните полицајци ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот околу делницата предвидена со маршот.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Антикорупцискиот тим на СДСМ: Денеска објавуваме нова бомба
„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Каков капитал влегува во земјава и со што е поврзан? Постои ли финансиско-политичка мрежа и со кои земји е преплетена? Која е позадината?“, велат од СДСМ
„Дали затоа оваа влада на Мицкоски ја држи Македонија надвор од ЕУ – изолирана и претворена во црна точка во Европа?“, се вели во најавата на СДСМ од каде додаваат дека прес-конференцијата е закажана за 10:30 часот, во седиштето на партијата, на која ќе се обрати Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.
Македонија
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата: „Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата, „ВМРО-ДПМНЕ да го потпише договорот со народот и заедно да ја поднесеме во македонското Собрание“.
„Зошто со денови не одговараат дали ќе ја потпишат? Содржината е објавена и јавно достапна, сега повеќе немаат изговори дека не ја виделе или не ја прочитале.
Ајде, заедно да го потпишеме договорот со народот.
Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
Македонија
Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со против правна имотна корист од 90 000 евра додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија.
Зошто Спасовски 3 месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата и го чувал во фиока? Дали зад заштитата на Спасовски стои нешто друго?
Зошто Спасовски дури 3 дена по несреќата на Беса Транс го ставил својот потпис на решението?
Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на тој технички преглед?
Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. ЈО веднаш да постапи.
СДС наместо да се огради ги штити криминалците во своите редови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

