Македонија
Кампањата „Напред розово“ во Градскиот парк во Скопје

Во Градскиот парк на Школка во Скопје, со почеток во 10.45 часот, ќе се одржи 10. традиционална јубилејна кампања за борба против ракот на дојката со наслов „Напред розово 2018 – чекори против ракот на дојката“.
Настанот е во организација на здружението „Борка – За секој нов ден“ и Амбасадата на САД во Македонија, а оваа година во партнерството со компанијата „Авон“.
Официјални обраќања ќе имаат Џес Л. Бејли, амбасадор на САД во Република Македонија, и Кејпи Полк Бејли, Венко Филипче, министер за здравство, Марина Цигарида, менаџер за продажба на „Авон“ – Македонија, и Биба Додева, претседател на НВО „Борка“.
Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1.500 учесници што ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите како основен предуслов за победа над ракот на дојката. Во прошетката ќе земат учество сите граѓани на Република Македонија вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на „Борка“ од градовите во Македонија. По прошетката, ќе следува музички хепенинг сè со цел да се овозможи луѓето, т.е. борците против ракот на дојката да се зближат, да се дружат и да го слават животот.
Како и во годините претходно, така и оваа година ќе се собираат средства преку продажба на розови производи, а средствата од продажбата ќе се искористат за реализација на годишните активности на здружението „Борка“, а тоа се: обезбедување психосоцијална помош и поддршка за болните од рак и нивните семејства, обезбедување перики за жените со низок социјален статус кои примаат хемотерапија, посета на Клиниката за онкологија и торакална хирургија од страна на волонтери на здружението, одржување на бесплатната СОС-линија за помош и поддршка и др.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.