Црна хроника
Насилници со нож нападнале и ограбиле 17-годишно момче

Насилници со нож нападнале и ограбиле 17-годишно момче во Скопје. Полицијата информира дека вчера во 17:30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, С.П.(49) од Скопје пријавила дека околу 11:30 часот на крстосницата на улица Стрезово со улица Илија Плавев, четири непознати лица извршиле разбојништво над нејзиниот 17-годишен син.
Сторителите со закана со нож му одзеле мобиен телефон, по што побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Битолчанец и Британец жртви во сообраќајка на патот Битола – Прилеп, повреден е Индиец

На магистралниот пат Битола – Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани.
Од СВР-Битола соопштија дека во несреќата, на местото на настанот почина возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.(42) од Велика Британија, а смртта ја констатираше доктор од Итна медицинска помош Битола.
Сопатникот во патничкото возило М.К.Д.Ј. од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош.
Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Се запали „рено меган“, пожарот зафати и седум други возила во Кисела Вода

Денеска (10.03.2025) во 01.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Р.(23) од Скопје.
Во пожарот делумно биле зафатени и други седум патнички возила: „сузуки“ сопственост на Х.С., „опел“ сопственост на правен субјект , „шевролет“ сопственост на Т.А., „шевролет“ сопственост на А.Ш., „фиат“ сопственост на правен субјект, „шкода“ сопственост на Ј.Ј. и „хјундаи“ сопственост на П.Ш., сите со скопски регистарски ознаки.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен.
Црна хроника
Не им дозволувал на сопругата и двете малолетни деца да излезат од дома

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(38) од гостиварско село поради постоење основи за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Имено на 23.01.2025, пријавениот не им дозволувал на неговата сопруга со нивните две малолетни деца да излезат од семејниот дом.