Црна хроника
Тешко повреден маж кој паднал од скала
Педесетидевет годишен маж качувајќи се на скала потпрена на куќата, паднал од висина од околу 2 метри.
Тој веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицијата правеше претрес во Прилеп, приведе едно лице и најде дрога
Полицијата вчера попладне го лишила од слобода Н.Н.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, различни таблети, грутчеста материја и дигитална вага.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Црна хроника
Кај кочанското село Тркање загина пешак
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на регионалниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање, а собраќајот се пренасочува по експресниот пат.
Во тек е увид, а повеќе детали во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.