Спорт
Доминација на Мерцедес, Ферари се „самоубија“
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Јапонија. Во Сузука, Британецот стигна до осмата пол-позиција во сезоната, вкупно 80.во кариерата со време 1:27.760 минути.
Успешните квалификации на Мерц…
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Јапонија. Во Сузука, Британецот стигна до осмата пол-позиција во сезоната, вкупно 80.во кариерата со време 1:27.760 минути.
Успешните квалификации на Мерцедес ги комплетираше Валтери Ботас кој ќе стартува од второто место. Ботас зад тимскиот колега задоцни 0,299 секунди.
Доминацијата на Мерцедес ја покажува и разликата од 1,297 секунди што третопласираниот Максе Ферстапен ја имаше во однос на Хамилтон. Од вториот ред до Холанѓанецот трката ќе ја започне Кими Раиконен на Ферари.
Зад нив следуваат Роман Грожан (Хас), Брендон Хартли (Торо Росо), Пјер Гасли (Торо Росо), Естебан Окон (Форс Индија), Себастијан Фетел (Ферари) и Серхио Перез (Форс Индија).
Квалификациите ги обележа и лошата тактика на Ферари, бидејќи двајцата возачи во последната квалификациска сесија излегоа со гуми за променливи услови иако патеката беше сува. Подоцна кога ставија супер меки гуми, во Сузука започна да паѓа дожд, поради што не можеа да ги подобрат своите резултати.
Трката за Големата награда на јапонија ќе се вози утре со почеток во 7:10 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Динамо пред Борусија и Хајдук остана без капитените Адеми и Мишиќ
Лоши вести доби тренерот на Динамо Загреб, Ненад Бјелица во пресрет на двата натпревари оваа недела кои можат да претствуваат пресвртница за „мордите“ во тековната сезона.
Откако минатата недела Динамо остана без Петар Сучиќ до крајот на годината,претпладнево клубот потврди дека утре на „Максимир“ против Борусија Дортмунд нема да бидат присутни Петар Мишиќ и Аријан Адеми. Неизвесно е дали овие двајца ќе играат и в недела против Хајдук во Сплит.
Динамо во овие два натпревари ќе биде без тројца клучни играчи од средниот ред, а капитени и лидери на тимот се и Адеми и Мишиќ.
Динамо во првите четири кола во Лигата на шампионите освои седум бода.
Спорт
Викарио со скршеница на ногата бранел против Манчестер сити
Голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викаро, скрши коска на зглобот на дерби натпреварот против Манчестер сити во Премиер лигата. Во саботата, Тотенхем во Манчестер го декласира Сити со 4:0.
Италијанскиот репрезентативец, во вторникот, бил успешно опериран во Англија.
Викарио против Сити се повреди по сударот со Савињо, но и во таква состојба остана на теренот до крајот на мечот и му помогна на тимот да оствари значајна победа.
„Скршив коска на ногата на натпреварот со Манчестер сити, но останав на теренот до крајот. Направив се што можев за да му помогнам на тимот. Ситуацијата е таква што морав да одам на операција, која беше успешна, а од утре ќе го започнам процесот на рехабилитација. Благодарам на сите за поддршката, особено на навивачите на Тотенхем и се надевам дека ќе се вратам уште посилен“, напиша Италијанецот на социјалните мрежи.
Викаро пристигна во Тотенхем во јули минатата година од Емполи и оттогаш одигра 55 натпревари за англискиот клуб. Додека не се врати Викарио на голот на Тотенхем ќе биде ветеранот Фрејзер Фостер, кој бранеше оваа сезона на натпреварите против АЗ Алкмар и Галатасарај, како и во Лига купот против Ковентри.
Спорт
(Видео) Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк
Никлас Бендтнер, познат меѓу фудбалските под прекарот „Лорд“ кој во кариерата играше за Арсенал и Јувентус, бил нападнат на улиците на Њујорк. Страшниот напад е снимен на од безбедносните камери.
Поранешниот дански напаѓач се движел со пријател кога од зад грб бил нападнат со напаѓач со нож.
Кон него истрчал 25-годишен маж со нож. Набрзо овој млад човек бил уапсен и обвинет за обид за убиство.
Пријателот на Данецот се здобил со повреди на лицето и увото и му била укажана помош во болница. Бендтнер самиот го пријавил инцидентот.
„Да, можам да потврдам дека јас бев на видеото.. Дали можев јас да бидам нападнат, немам коментар за тоа. Жртвата е поранешен професионален фудбалер кој шеташе со нас“, одговори Бендтнер откако се појави видеото.
Данецот е запаметен како напаѓач со најголема самодоверба во историјата на фудбалот (барем на тестирањата), а од 2005 до 2014 година го носеше дресот на Арсенал.