Македонија
Три до четири жени дневно заболуваат од рак на дојка во Македонија
Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека податоците говорат дека три до четири жени во Македонија дневно заболуваат од рак на дојка. „Имено, од системот пресметавме дека 1.356 нови случаи се појавиле во 2018 година, кои не биле евидентирани во 2017, и ако се подели со денови во годината просекот е 3,7“, појасни Филипче.
Тој рече дека во периодот од 01.01.2017 година до 30.09.2018, во Националниот систем за електронски евиденции се евидентирани 60,787 прегледи за 8,157 пациенти заболени од малигна неоплазма на дојка. Најмладата пациентка има 17 години, а најстарата 97 години. Вкупниот број на жени со дијагностициран рак на дојка за кои во 2018 година е евидентиран преглед во Националниот систем е 6.200.
Филипче посочи дека кај жените најчестата причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2017 година е малигната неоплазма на дојка.
„Во 2010 година бројката изнесувала 308 жени, во 2015 изнесувала 281, 2016 – 338, додека пак во 2017 година намалена е стапката и изнесувала 279 жени. Одговорност наша, како институција и Влада е да им обезбедиме на сите граѓани квалитетна здравствена заштита, здравство кое лекува, но и здравство кое едуцира и превенира“, рече министерот Филипче.
Тој посочи дека кај жените најчестата причина за смрт од малигни неоплазми во периодот 2010-2017 година е малигната неоплазма на дојка.
„Во 2010 година бројката изнесувала 308 жени, во 2015 изнесувала 281, 2016 – 338, додека пак во 2017 година намалена е стапката и изнесувала 279 жени. Одговорност наша, како институција и Влада е да им обезбедиме на сите граѓани квалитетна здравствена заштита, здравство кое лекува, но и здравство кое едуцира и превенира“, посочи министерот Филипче.
Следејќи ги европските и светските насоки, почнувајќи од месец април 2015 година во соработка со кабинетите за мамографија во јавните здравствени установи (вкупно 29 на територијата на Македонија), Министерството за здравство почна со организирана „Национална скрининг програма за рана детекција на рак на дојка“. За таа цел, во изминатиов период набавени се нови дигитални мамографи во повеќе јавни здравствени установи, креирани се посебни термини за изведување на скрининг, а Центрите за јавно здравје и Управата за електронско здравство посредуваат во закажувањето на термините.
„Квалитетот на скринингот се обезбедува со спроведување на едукација преку семинари, предавања од експерти од Македонија и странство, континуирана контрола на технички квалитет на мамографите, континуирана контрола на квалитет на вршење на мамографски преглед и интерпретација на мамографски наод. Исто така, квалитетот на скринингот се обезбедува и со евиденција и статистичка обработка на резултати од дијагностичка и скрининг мамографија и зголемена информираност на населението и матичните лекари“, истакна Филипче.
Денеска во Градскиот парк во Скопје се одржа марш за подигнување на свеста за ракот на дојка, настан насловен како „Напред розово“, кој по 10. пат се одржа во организација на Здружението за борба против ракот „Борка – за секој нов ден“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија
„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам“, реагира директорот на СОЗР, Ивица Томовски, откако СДСМ на прес-конференција утринава обвини дека негова семејна фирма која го менувала името, добила 161 тендери вредни над 5 милиони евра.
„СДС ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи. Власта е одговорност и таму не се доаѓа со пазарџиски финти, клевети. Очигледно тоа е нивната понуда, а народот ќе суди, впрочем како што им пресуди на последните избори. Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат“, пишува Томовски на ФБ.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра
Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери вредни над 5 милиони евра.
„Со доаѓањето на ДПМНЕ на власт семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. Само оваа 2025 година, фирмата добила 10 тендери од речиси половина милиони евра. Сопственик на Сити логистик во мометнот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата, Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име. За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно фамилијарните бизниси течат. А каде завршуваат парите освен во џебовите на фамилијата Томовски: откриваме наскоро во наредните бомби“, кажа денеска на прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.
Македонија
Денеска дожд, од утре сонце
Времето денеска ќе биде облачно, проследено со врнежи од дожд. Според Управата за хидрометеоролошки работи, пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови.
Во утринските часови, по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 6 до 10 степени, а максималните од 8 до 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Северниот ветер ќе биде слаб до умерен, а температурите ќе се движат од минимални 9 до максимални 12 степени.
Од УХМР најавуваат дека врнежите ќе почнат да се намалуваат во попладневните часови. До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време, со пораст на дневните температури. Во котлините, сепак, ќе продолжи појавата на магла.

