Македонија
Протест на битолските превозници, општината реагира

Битола подолго време е препознатлива по проблемот со превозот на учениците во основното и средното образование. Не навлегувајќи во проблемите кои биле во минатите години, Општина Битола последниве месеци бараше и нуди начини за надминување на негативните состојби со превозот на ученици, соопшти општината.
По усвоените измени на Законот за превоз во патниот сообраќај во Собранието, учениците ќе можат да се возат во меѓуопштинскиот и општинскиот линиски превоз. Имајќи ги предвид обврските на Општината кои произлегуваат од споменатиот закон, според кој Советот на општината е надлежен да ги утврди цените и начинот на организирање на превозот на ученици, за денешната седница на Советот предложи измена на тарифата која се применува во општинскиот линиски превоз и одлука за начинот на организирање на превозот на ученици во линискиот превоз.
Точката на дневен ред беше во функција на разјаснување на толкување на постоечкиот тарифник бидејќи од повеќе аспекти постојат нејаснотии во неговата примена.
Во петокот попладне превозниците доставија писмо со кое не’ информираа дека денес ќе имаат протест во периодот од 9 до 11 часот не споменувајќи дека изутрина нема да ги возат учениците и останатите патници. Во текот на вчерашниот ден во функција на отвореност на општината, беа информирани дека точката од дневен ред ќе биде повлечена. Дополнително утрово истотот им беше потврдено на меил адресите на превозниците.
За жал нивниот избор беше сепак да не возат, се додава во соопштението на Општина Битола.
,,Од овие причини сметаме дека денешниот протест на превозниците е непотребен и неоснован и останува нејасно прашањето кој е мотивот за ваквото однесување на превозниците”, велат од Општина Битола.
Општина Битола
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од државата е 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е 30-ина минути, а на другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Се гради првата спортска сала во населбата Припор

Денес беше направен увид во градежните работи за изградба на првата училишна спортска сала во населбата Припор од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Новиот објект ќе биде сместен во дворот на ПОУ „Круме Кепески“ и ќе се простира на 500 квадратни метри, со рок за изведба од две години. Проектот е овозможен со поддршка од Владата, по успешната апликација на општина Кисела Вода на владиниот повик за обезбедување средства за реализација на капитални проекти, информира Општината.
Салата ќе обезбеди современи услови за спорт и рекреација на учениците и младите од овој дел на градот. Дополнително, ќе се изврши целосно партерно уредување на училишниот двор, со што ќе се создаде безбеден и функционален простор за секојдневни активности. Вредноста на проектот изнесува 16.449.974,80 денари, извести општина Кисела Вода.
Изградбата на спортската сала претставува инвестиција во подобро образование, здрави навики и развој на младите генерации во Припор. Во изминатите четири години се изгради спортска сала во Пинтија, се реконструираше салата во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, започна изградбата на сала во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, заврши реконструкцијата на салата во ООУ „Партение Зографски“, како и реконструкцијата на салата во ООУ „Климент Охридски“. Во моментот е подготвена документацијата за изградба на нова сала во ООУ “„Кузман Шапкарев“, а салата „Расадник“ темелно се реконструира во соработка со Министерството за спорт, се додава во соопштението на општина Кисела Вода.
Македонија
Исчезнатиот Ѓорѓе Серафимовски е пронајден жив и здрав, соопшти семејството

83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски е пронајден жив и здрав, кусо соопшти семејството. Тие заедно со полицијата го бараа од вчераутро откога излегол од својот дом во Фалише да оди кон Тетово, но не можеле да го најдат.
Семејството вели дека го пронашле на патот кон Тетово, контактибилен, но го однеле во болница за дополнително да му ја проверат здравствената состојба.