Свет
Папата: Ѓаволот работи прекувремено за да ја поткопа Католичката црква
Ѓаволот е жив, добро е и работи прекувремено со цел да ја поткопа Католичката црква, изјави папата Франциско.
Папата е толку убеден дека ѓаволот треба да се обвини за кризата со сексуални злоупотреби во редовите на Црквата, што побара од католиците во светот да изговараат посебната молитва секој ден во октомври за да извојуваат победа над него, пренесе „Ројтерс“.
Кога беше избран во 2013 година, папата Франциско јасно стави до знаење дека верува оти ѓаволот е реален.
Во еден документ напишан во април за светоста во современиот свет Франциско го споменува ѓаволот повеќе од десет пати.
„Не треба да мислиме на ѓаволот како мит, приказ, симбол, фигуративен збор или идеја. Ваквата грешка ќе доведе до намалување на нашата одбрана, ќе станеме безгрижни и ранливи“, напиша папата.
Во Римокатоличката црква се редат скандали поврзани со сексуална злоупотреба од страна на црковни лица во Германија, САД и во Чиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелските сили ги нападнаа северниот и јужниот дел на Газа, а борбите продолжија во текот на ноќта
Израелските сили денеска нападнаа неколку области низ Газа, а жителите известија дека борбите продолжиле во текот на ноќта во Рафах на југот од палестинската енклава.
Жителите изјавија дека борбите се интензивирале во населбата Тел Ал Султан во западниот дел на Рафах, каде тенкови се обидувале да се пробијат на север, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска во израелски напад загинаа тројца Палестинци во близина на кампот Џабалија.
Свет
(Видео) Асанж пристигна во Австралија: емотивна средба со сопругата и неговиот татко
Џулијан Асанж, кој од денеска и официјално е слободен човек, се врати во Австралија, а најемотивната средба ја имаше со сопругата Стела.
Julian Assange greets his supporters at the fence and kisses his wife after touching down a free man #auspol pic.twitter.com/HQ4JbyWKvH
— Sarah Basford Canales (@sbasfordcanales) June 26, 2024
Откако авионот слета на аеродромот во Канбера, Асанж излегол од авионот, а го пречекале бројни новинари и поддржувачи кои аплаудирале и скандирале за него.
Камерите го снимиле моментот кога Асанж ја прегрнал сопругата, ја кренал од земја и ја бакнал, а потоа го прегрнал и татко си.
Свет
Кремљ се огласи за Асанж: Сите го добија тоа што го сакаа
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека секој го добил она што го сакал кога станува збор за признавањето на вината и ослободувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
– Овде зборуваме за судски договор. Како што разбрав, секој го доби она што го сака. Нема што да се додаде, ништо да се коментира – изјави Песков на новинарите.
Асанж беше формално ослободен пред американскиот суд на Маријанските Острови, откако се изјасни за виновен по едното обвинение за кршење на Законот за шпионажа според договорот со американското Министерство за правда.
Основачот на „Викиликс“ потоа отпатува во родната Австралија.