Македонија
Притвор за чуварот на затворот во Штип кој беше фатен како зема поткуп од затвореник

Постапувајќи по кривичната пријава, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Штип донесе наредба за спроведување истрага против едно лице осомничено за кривично дело „примање поткуп“, соопшти јавното обвинителство.
„Лицето вработено како чувар во КПД Штип примило парични средства во износ од 150 евра за да внесе мобилен телефон во затворот и истиот да го предаде на еден од затворениците. Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските услови, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд – Штип достави предлог за определување мерка притвор, предлог што беше прифатен од страна на судијата и со решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти ЈОРМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 06.10 часот, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремено засилен ветер, претпладне услови за слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, на денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата Ванчо Мицков бр. 18, во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.