Спорт
„Л’Екип“: Нејмар и Мбапе не го „играат“ Кавани!
Ѕвездите на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе и Нејмар воопшто „не сакаат да играат“ со Единсон Кавани, вели последната анализа на францускиот спортски весник „Л’Екип“, по споредбата на статистиката од последните натпревари.
Тројката во нападот ги предвод…
Ѕвездите на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе и Нејмар воопшто „не сакаат да играат“ со Единсон Кавани, вели последната анализа на францускиот спортски весник „Л’Екип“, по споредбата на статистиката од последните натпревари.
Тројката во нападот ги предводеше ПСЖ до 9-0 старт во Лига 1, рекорд стар 82 години кој беше срушен откако Килијан Мбапе постигна четири гола за уништување на Лион. Сепак, „Л’Екип“ има поинаква приказна.
Според бројките, Нејмар додава до Кавани на секои 200 топки во игра, или само 0.5 отсто од времето, додека Мбапе му подава на Уругваецот само 5 отсто од времето, и покрај тоа што двајцата се на страните, а Кавани е во центарот.
Од друга страна, Нејмар една четвртина (25%) од топките ги додава до Мбапе, додека младиот Французин дури 31 отсто од топките ги упатува кон Бразилецот. И покрај оваа статистика, Кавани има пет гола оваа сезона во само шест меча, Нејмар има осум гола, а Мбапе има иста бројка како Нејмар, но во само пет меча.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нан го однесе ПАО на завршниот турнир во Берлин
Кошаркарите на Панатинаикос по пауза од 12 години изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата. Вечерва пред 20.000 навивачи во „ОАКА“, Панатинаикос ја доби мајсторката против Макаби со 81:72.
Панатинаикос клучната предност ја направи во воведните четири минути од последната четвртина, период во кој Макаби постигна само два поени.
Големо влијани врз конечниот резултат имаше и односот на слободните фрлања, Панатинаикос изведе 35, Макаби само 10.
Најефикасен во победата на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 26 поени, Костас Слукас имаше уште една добра партија со 15 поени и шест скока, додека Хуанчо Ерненгомес постигна 11 поени. Матијас Лесор беше блиску до дабл-дабл учинок со девет поени и 11 скока. Францускиот центар од линијата за слободни фрлања погоди три пати од 14 обиди.
Кај Макаби најефикасен беше Лоренцо Браун со 17 поени.
На завршниот турнир во Берлин од 24 до 26 мај, Панатинаикос во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето меѓу Монако и Фенербахче.
Спорт
Сашко Кедев на Велигден го искачи Макалу (8.485), петтиот највисок врв на светот
Кардиологот и алпинист Сашко Кедев утрото на Велигден се искачи на врвот Макалу кој е висок 8.485 метри и е петти највисок планински врз во светот.
Кедев со експедиција од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси се искачи на Макалу. Тој е првиот акедонец кој се искачил на овој врв.
Беше во придружба на искусниот Кили Пемба Шерпа, кој беше еден од 10-те непалски планинари кои се искачија на К2 во 2021 година.
Во историскиот успех на Кедев се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри), Cho Oyu (8.201), Нанга Парбат (8.126).
Спорт
(Видео) Алкараз на удар: „Се распаѓа, изгледа како 78-годишен старец“
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз имаше проблеми со многу повреди во текот на својата кратка кариера.
Последна во низата е повредата на подлактицата која го мачи оваа пролет и поради неа ги пропушти турнирите во Монте Карло, Барселона и Рим.
На оваа тема се зборуваше и во подкастот „Super Moscato“ на добро познатиот RMC.
Водител на емисијата е поранешниот француски рагбист, денес актер и водител Винсент Москато, кој многу го критикуваше 21-годишниот Шпанец.
„Да не бидам досаден, добри супи се прават во стари тенџериња, па еве го Ѓоковиќ, со сите повреди типувам на Ѓоковиќ“, изјави Москато и додаде:
„Алкараз „се распаѓа“. Го боли подлактицата, изгледа како 78-годишен старец. На 20 години раката не ве боли многу. Го гледате ли Алкараз како наследник на Надал? Слушајте ме, ќе јадам стаорец ако се случи тоа“
Алкарас моментално е трет на АТП листата, а полуфиналето ќе го брани на Ролан Гарос.