Спорт
Челси со „многу пари“ ќе го убедува Азар да остане во Лондон
Челси имаат план да го убедат Еден Азар да остане во клубот и да потпише нов договор, јавува британскиот „Скај спортс“, по неговите нови „сигнали“ кон Реал Мадрид.
27-годишната белгиска суперѕвезда има уште две години од неговиот договор со клубот од з…


Челси има план да го убеди Еден Азар да остане во клубот и да потпише нов договор, јавува британскиот „Скај спортс“, по неговите нови „сигнали“ кон Реал Мадрид.
27-годишната белгиска суперѕвезда има уште две години од неговиот договор со клубот од западен Лондон, а „сините“ се очајни да го задржат откако тој самиот призна дека е во најдобрата форма во кариерата со новиот тренер Маурицио Сари, а клубот е на делба на првото место во Премиер лигата.
Челси и минатата сезона преговараше со него за продолжување на договорот, но тие се поставија на „пауза“, а откако го постигна осмиот гол оваа сезона по 3:0 победата над Саутемптон, Азар призна дека е на „два ума“ околу сонот да се игра за Реал Мадрид или да се остане на „Стемфорд Бриџ“.
„Понекогаш во главата, кога се будам мислам дека сакам да си одам. Понекогаш, сакам да останам. Тоа не е лесна одлука. Имам 27, а во јануари ќе наполнам 28. Сакам да направам нешто што е добро за мене, но сакам и добро за клубот кој ми даде сѐ. Не сакам да кажам ќе потпишам нов договор и на крајот да не го потпишам. Затоа ќе видиме“, изјави Азар.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Фото/ ффм.мк
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар од можните четири притивници го доби најпосакуваниот, фудбалскиот клуб ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс во првата квалификациска рунда ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Спорт
Велшки предизвик за Шкендија во првото квалификациско коло

Шампионот на Македонија, Шкендија, во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се соочи со првакот на Велс, ТНС:
Првиот натпревар ќе се одигра на 8 или 9 јули во Македонија, а реваншот е на програмата една недела подоцна во Велс.
Шкендија и ТНС играа во 2018 година, исто така во првото квалификациско коло. Шкендија победи дома со 5:0 (четири гола постигна Ибраими), а ТНС во реваншот беше на чекор до сензација, победи со 4:0
Спорт
Каде „погреши“? Гризман стана татко четврти пат

Францускиот фудбалер Антоан Гризман и неговата сопруга станаа родители по четврти пат на 15 јуни. Се роди нивната трета ќерка…
Голгетерот на Атлетико Мадрид и неговата сопруга Ерика Чоперена ја објавија оваа прекрасна вест, но медиумите и навивачите веднаш забележаа дека нешто „не е во ред“.
Набрзо следеа шеги за францускиот фудбалер.
Каде „погреши“ овој пат?
Имено, ќерката Шај се роди на 15 јуни, и тоа е прв пат во нивното семејство бебе да не се роди на 8 април.
Претходно ќерката Миа (родена 2016 година), синот Амаро (2019 година) и втората ќерка Алба (2021 година) се родени на истиот датум 8 април.
Антоан Гризман напиша на своите социјални мрежи:
„На 15 јуни се роди Шај, делчето што недостасува од нашата сложувалка.“
Интересно е што Антоан и неговата сопруга Ерика се венчаа на 15 јуни 2017 година.
Дали францускиот фудбалер овој пат го „таргетираше“ датумот на годишнината од бракот?