Спорт
Буфон посочил три стадиони со посебна атмосфера
Џанлуиџи Буфон од оваа сезона голман на ПСЖ, за француските медиуми, открил на кои три стадиони му било најтешко да брани.
„Дефинитивно Енфилд во Ливерпул, тоа е еден од стадионите на кој што ми беше тешко на почетокот да се сконцентрирам на случувањат…


Џанлуиџи Буфон од оваа сезона голман на ПСЖ, за француските медиуми, открил на кои три стадиони му било најтешко да брани.
„Дефинитивно Енфилд во Ливерпул, тоа е еден од стадионите на кој што ми беше тешко на почетокот да се сконцентрирам на случувањата на теренот. Би го издовоил и стадионот на Ренџерс во Глазгов и на Фенербахче во Истанбул“, рекол Буфон.
Натпревари што нема да ги заборавам?
„Меѓу тие натпревари е моето деби за Парма против Милан, како и некои други мечеви што ги играв со Парма, како што се освојувањето на Купот на УЕФА, Купот на Италија и Суперкупот. Полу-финалето со Јувентус и победата над Реал во 2003 година“
Најдобриот натпревар?
„Секое финале е чиста емоција, но доколку морам да издвојам некои, секако дека тоа е финалето на Светското првенство. Мислам дека можевте да погодите дека ќе го кажам ова“, рекол Буфон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крај на приказната, Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда

Душан Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во странство.
Според сознанијата на „Спорт Клуб“, Тадиќ уште еднаш ѝ се заблагодарил на Црвена звезда за поканата и приказната тука завршува.
Тадиќ имал малку поопуштен став, оставил простор евентуално да дојде во Звезда, но сепак останал доследен на чувството дека концептуално не се вклопува во тој клуб.
Исто така и челниците на српскиот шампион го загубиле трпението, бидејќи планирале Тадиќ да го имаат во тимот за двомечот со Лех Познањ, во третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.
Финансиската понуда е добра, како и улогата во тимот, но Тадиќ одлучил дека нема потреба да игра за Звезда во кариерата.
Можно е Тадиќ да замине во Саудиска Арабија.
Спорт
Ненадејно почина Жорге Кошта, легендарниот капитен и икона на Порто

Почина Жорге Кошта (53), поранешен португалски фудбалер и легендарен капитен на Порто.
Во сино-белиот дрес, тој освои осум титули во лигата, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп, а со репрезентацијата беше светски шампион до 20 години.
Информацијата за смртта ја потврди болнички извор, јавува португалското радио „Ренасенса“.
Според болницата „Сао Жоао“, Коста „доживеал кардиореспираторен застој во одделот за итни случаи и бил прогласен за мртов“. Поранешниот фудбалер доживеал срцев удар во 2022 година и бил подложен на катетеризација.
„Во текот на својот живот, на теренот и надвор од него, Жорге Кошта ги отелотворувал вредностите што го дефинираат ФК Порто: посветеност, лидерство, страст и непоколеблив победнички дух. Тој ги обележа генерациите навивачи и стана најголем симбол на клубот“, се вели во соопштението. „Никогаш нема да бидш заборавен, капитене“, соопшти клубот.
Спорт
Јовиќ потпиша договор со АЕК

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот.
Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра.
Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. Последните две сезони ги помина во Милан.
Одигра 45 натпревари за српската репрезентација и постигна 11 гола.