Македонија
Розова панделка во Градскиот парк
Денес во Градскиот парк никна нова цветна фигура во знакот на розовата панделка – „Напред Розово“ – заштитен знак на здружението за борба против ракот на дојка „Борка“.
Претставнички на здружението Борка заедно со претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева , директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје Ардијан Муча, граѓанската активистка Анита Љатифи, претставнички на претпријатието,како и учениците од медицинските паралелки од СУГС „Цветан Димов“ денес во Градскиот парк насадија сезонско цвеќе хризантема во форма на розовата панделка како знак на поддршка на месецот на борба против ракот на дојка.
Тие ги поттикнуваат жените редовно да вршат контролни скрининг прегледи за детектирање на ракот на дојка и им даваат поддршка да истрајат во борбата против оваа болест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект “Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола”, и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.
На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.
Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.