Свет
Јапонскиот пасош сега е најмоќен во светот
Новото истражување објавено на 9 октомври годинава открива колку граници можат да се преминат со некои патни документи. Според Henley Passport Index, Јапонија сега има најмоќен пасош на планетата.
Откако добија безвизен пристап до Мјанмар на почетокот на месецов, јапонските граѓани сега можат да уживаат без визи или со визи при слетување, до неверојатни 190 дестинации ширум светот, победувајќи го Сингапур со 189 дестинации, кој падна на второто место.
Германија, која годинава ја започна на првата позиција, сега е на третото место со 188 дестинации, заедно со Франција и Јужна Кореја.
Узбекистан ги укина визните барања за француските државјани на 5-ти октомври, откако на почетокот на февруари го одобри безвизниот пристап на јапонски и сингапурски државјани. Јужна Кореја доби безвизен пристап до Мјанмар на 1 октомври, додека Парагвај ги отстрани визните барања за сопствениците на пасошите во Сингапур во 2017 година.
Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство и без визи или со визи при пристигнување имаат пристап до 186 дестинации и се на петтото место.
Русија падна на 47-та позиција, и покрај тоа што доби поддршка во септември, кога Тајван објави откажување на визитеза руските државјани.
Обединетите Арапски Емирати се најголемата успешна приказна за декадата кога станува збор за слободата на патувањето. Таа е зголемена од 62-то место во 2006 година и сега е на 21-та позиција на рејтингот. Тие, исто така, неодамна потпишаа договор за откажување од визи со Русија, кој треба да стапи на сила наредните месеци.
Кина неодамна доби пристап до Света Луција и Мјанмар и сега е на 71 место, откако се искачи на 14 места од почетокот на 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

