Македонија
(Видео) Делото во „Поштенска банка“ е застарено, смета адвокатот на првоосомничениот
Бранко Радојчиќ, aдвокатот на првоосомничениот Коле Смилевски во најновата истрага на СЈО со кодно име „Поштенска банка”, рече дека притворот што го бара обвинителсттвото е престрога мерка и дека за дела од 2001 година има настапено апсолутна застареност за кривично гонење.
Антонио Апостолски, пак, адвокатот на ексградоначалникот на Кочани, Ратко Димитриевски, рече дека судот определил мерки на претпазливост за осомничените и дека ќе разговараат со клиентите дали ќе се жалат на овие мерки.
Судот вечерва на Коле Смилевски му го одзеде пасошот, а за останатите двајца обвинети, кои беа уапсени утрово, изречени се мерки да се јавуваат во судот. Специјалното јавно обвинителство најави жалба за судската одлука да не им биде определен притвор. СЈО има рок од 24 часа да се жали на одлуката на судијата на претходна постапка до тричлениот судски совет, како и осомничените за изречените мерки.
Истрагата „Поштенска банка“ е финансиска истрага, во рамки на која, девет лица се осомничени за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари и други приноси од казниво дело.
Со истрагата се опфатени Коле Смилевски, Томе Главчев, ексградоначалникот на Кочани, Ратко Димитревски, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев.
Според СЈО, од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

