Спорт
По победа во Ереван за потврда на добрата форма
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Ереван ќе го одигра натпреварот од четвртото коло, во Д-дивизијата во Лигата на Нации. Победа на овој меч ќе и обезбеди на Македонија место во плејофот каде ќе се разигрува за пласман на Европското пр…


Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Ереван ќе го одигра натпреварот од четвртото коло, во Д-дивизијата во Лигата на нации. Победа на овој меч ќе ѝ обезбеди на Македонија место во плејофот каде што ќе се разигрува за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Македонија во досегашниот тек од натпреварите во Лигата на нации има три победи во исто толку натпревари. Избраниците на Игор Ангеловски ја предводат групата со девет бода, пред Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар кои имаат освоено по три бода.
Добрата форма и серијата од десет натпревари без пораз се темелите врз кои се гради оптимизмот во таборот на македонската селекција. Исто така, на македонска страна е и традицијата, во досегашните седум одиграни натпревари Македонија има три, а Ерменија две победи, додека двапати дуелите помеѓу овие две селекции завршувале нерешено.
Последниот меч, одигран во Скопје пред еден месец, заврши со победа на Македонија 2:0. Стрелци на головите беа Пандев и Алиоски.
Од друга страна, Ерменците се соочуваат со низа проблеми, пред сите лошите односи во соблекувалната, кои кулминираа со сензационалниот пораз од аутсајдерот Гибралтар во саботата.
Натпреварот во Ереван ќе почне во 18 часот.
фото: ffm.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Убедлив триумф на Литванија во првиот меч на ЕП

Европското првенство во кошарка, 42. по ред, започна со убедливата победа на Литванија против селекцијата на Велика Британија 94:70.
Балтичката селекција против Велика Британија ја оправда својата улога како фаворит во првото коло. Велика Британија даде се од себе, ослабена од отсуството на Гејб Оласени поради повреда на грбот.
Литванците лошо шутираа на овој меч, погодија само две тројки од 19 обиди, но одбраната и офанзивниот скок им обебзедија убедлива победа. Две третини од поените Литванците постигнаа од рекетот.
Британците добро се држеа три четвртини, се враќаа на едноцифрен минус, но потоана во последноте седум минути кога Литванците направија предност од 20 пеони.
Очекувано доминираше во рекетот Јона Валачиунас со 18 поени и девет скока, поен помалку со седум скока имаше Тубелис, а Јокубаитис и Нормантас забележаа по 12 поени.
на спротивната страна се истакна Јебоа со 17 поени, а двоцифрени, со по 10 поени беа Филип и Хенсон.
Foto/ EPA/KIMMO BRANDT
Спорт
Вулверхемптон одби уште една понуда од Њукасл за Ларсен

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон ја одби и втората понуда од Њукасл за норвешкиот напаѓач Јорген Странд Ларсен, кој постигна два гола во вчерашната победа над Вест Хем во Лига купот.
Њукасл овој пат понуди 55 милиони фунти, откако претходно беше одбиена и понуда од 50 милиони фунти.
Управата на Вулверхемптон не сака да се откаже од 25-годишниот репрезентативец на Норвешка, пред сè поради краткото време за наоѓање замена, бидејќи шреодниот рок завршува за четири дена.
Странд Ларсен беше купен од Селта минатото лето за 23 милиони фунти и постигна 14 гола во Премиер лигата минатата сезона.
Спорт
Бојан Димоски се сели во ТСЦ

Левиот бек Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во ТСЦ. Клубот од Бачка Топола ќе издвои 100.000 евра за неговиот трансфер од Акрон, дознава „Моцарт Спорт“.
Во ТСЦ процениле дека им е потребно засилуваеа на левата страна, бидејќи Немања Петровиќ сè уште не се вратил на теренот поради сериозна повреда од минатата сезона.
Димоски одигра четири натпревари оваа пролет за Партизан, на кој му се приклучи од Акрон како позајмен играч.
Пред тоа, ги бранеше боите на Брера од Струмица и на Вардар. Одигра 20 натпревари за репрезентацијата на Македонија.