Свет
Полицијата во Мадрид користи класична музика за тренинг на кучиња
Полициска станица во Мадрид користи терапија со класична музика како дел од тренингот на своите кучиња. Дресерите за оваа терапија велат дека е многу ефективна бидејќи ги смирува полициските кучиња, а со тоа тие поефикасно тренираат и работат.
„Кучињата ни се колеги. Со нив поминуваме по осум часа секојдневно. Пред неколку години наидовме на едно истражување за експеримент со класична музика, па си рековме зошто да не се обидеме“, вели инспекторот Рафаел де ла Гандара од полициската единица на Мадрид во прилог за Би-би-си.
Гандара додава дека откако почнале со овој експеримент, секој пат кога минуваат покрај кафезите забележуваат дека кучињата се исклучително смирени, не лаат и не скокаат како претходно.
Инспекторот вели дека работата на дресерите е значително олесната бидејќи кога кучињата се порелаксирани тие подобро работат.
Оваа полициска единица за дресура има вкупно 23 кучиња кои се специјално обучени за пронаоѓање дрога, експлозиви, како и за спасувачки акции.
„Кучињата дресирани за пронаоѓање екплозиви ги изнесуваме на терен секое утро за да се осигураме дека нема да има некаков инцидент во Мадрид“, вели инспекторот.
Гандара објаснува дека оваа единица користи методи со награда наместо казна и додава дека на овој начин кучињата не се подложни на стрес и имаат чувство дека си играат.
„Ќе продолжиме да користиме терапија со класична музика. Ако наидеме на нешто посоодветно, ќе го промениме правецот, но засега ова е најдобриот метод штосме го пробале“, појаснува инспекторот Гандара.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

