Регион
Вучиќ за ситуацијата со Косово: Ќе ја почитувам волјата на граѓаните
Разграничување значи дека имаме граница меѓу Србите и Албанците, кои денес не знаеме каде се – таму каде што кажуваме или каде што кажуваат Албанците, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, додавајќи дека смета дека тоа треба да се утврди бидејќи, како што рече, тоа ќе претставува мир и стабилност со Албанците во следните 100 – 200 години, но волјата на народот била поинаква.
Вучиќ за новинарите во Палатата на Србија рече дека Србија е далеку од ставови за решавање на проблемот на Косово, но рече дека ќе продолжи да се бори и да разговара за еден ден да дојде до договор, но не се знае дали тоа би било за три месеци или една година.
Одговарајќи на прашањето за разграничувањето, Вучиќ изјави дека никој во светот не знае каде се тие граници. „Мислам дека тоа е за добро да се знае за нашата иднина, важно е да се знае дека имаме мир и стабилност со Албанците за следните 100 – 200 години. Не успеавме бидејќи граѓаните сметаа дека е подобро да се биде ни на небо, ни на земја. Мислам дека тоа не е во ред и не е стратешки проглед, но јас ја почитувам одлуката на народот“, рече Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Регион
Умерено силен земјотрес во близина на Сплит
Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерено силен земјотрес во Далмација во 5.02 часот.
Епицентарот бил во близина на островот Шолта, 22 километра југозападно од Сплит.
Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од четири до пет степени според ЕМС.
Регион
Серија земјотреси утрово ја погодија Грција, а најсилниот регистриран во близина на Закинтос
Серија земјотреси ја погодија Грција, а најсилниот од сите земјотреси беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, кој беше регистриран овој петок, 31 јануари 2025 година, во 8.36 часот, во областа на Јонското Море, во близина на Закинтос.
Неколку минути пред овој земјотрес Грција ја погоди послаб земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала регистриран во 8.28 часот. Пред тоа беше регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степена според Рихтеровата скала.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географските координати на географска ширина 37.4804 и географска должина 20.606, пренесуваат медиумите во регионот.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.