Македонија
Прва училишна градина за производство на храна во Карпош
Во основното училиште „Аврам Писевски“, во Бардовци, се отвори првата училишна градина за одгледување и производство на храна. Промоцијата на оваа градина се одржа денеска, птигодно, токму на Светскиот ден на храната. Во дворот на „Аврам Писевски“ присутните гости и изложувачи на здрава храна беа сведоци на повеќе креативни катчиња и презентации кои ги направија учениците од ова училиште во Карпош.
Создавањето на градината и на овој настан, беа поддржани и од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од граѓанските организации „Slow Food“ и „Ајде Македонија.
На овој едукативен и хуман настан се обрати градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој го изрази задоволството што токму основно училиште од нашата општина е прво во Македонија со ваква училишна градина – училница на иднината.
Со ваков пристап, учениците од најрани години ќе бидат свесни за важноста на здравата исхрана, свежото овошје и зеленчук, со што ќе се се поттикне грижата и за сопственото здравје,. Овој тип на активности, се надоврзуваат и на наставната програма, така што, учениците на конкретен начин ќе гледаат како растат, се развиваат, негуваат и одгледуваат растенијата и земјоделските култури, рече Богоев.
Светскиот ден на храната, оваа година се одржува под мототото „Нашите дејствија се нашата иднина“, при што посебно се става акцент на колективниот напор за подигнување на јавната свест за важноста на здравата исхрана и справување со гладот на светско ниво.
На настанот се обрати и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој потенцираше дека Општина Карпош е лидер на полето на креирање на ваков вид училишни градини, како и министерот за образование Арбер Адеми кој го поздрави ваквите позитивни примери и активности кои успешно го надополнуваат образовниот процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

