Спорт
Фетел нема никаков директен контакт со Луис Хамилтон
Возачот на Ферари, Себастијан Фетел признава дека нема никаков „директен контакт“ со својот најголем ривал, светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон и дека единствено се сретнуваат накратко на прес-конференциите и на подиумите по трките.
Фетел и Ха…

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, признава дека нема никаков директен контакт со својот најголем ривал, светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон, и дека единствено се сретнуваат кратко на прес-конференциите и на подиумите по трките.
Фетел и Хамилтон последните две сезони се главните конкуренти за титулата, но и оваа година исто како лани, Британецот се одвои по летната пауза, а му помогнаа и стратешките грешки на Ферари и грешките на Фетел на патеката за да е многу блиску до петтата титула.
Иако се веруваше дека двајцата не се ривали и надвор од патеката, Фетел објаснува дека тие не се ниту пријатели бидејќи имаат малку контакт, освен на професионално поле, така што менталните игри се бесцелни.
„Ако се видиме, тоа е кратко на прес-конференција или со малку среќа на подиумот. Немаме директен контакт. Зборовите како ’немаш мадиња’ или ’денеска беше срање’ веќе не се можни бидејќи секој збор се мери детаљно“, објаснува Фетел.
По критиките, посебно од Италија по уште една неуспешна сезона за Скудерија, Фетел вели дека е важно да се блокираат негативните коментари и дека со тоа се справува со помислата зошто почнал со тркањето.
„Секако, притисокот не е забавен. Но, не постои секогаш, како што мислат луѓето надвор од Ф1. Искрено, возиш за себе и за тие што ти помогнале да бидеш тука. Ми помага еден принцип – никој не е толку добар ниту толку лош како што велат. Секогаш сакам да се потсетам на тоа што ме донесе во тркањето – ентузијазмот и радоста што се тркаш“, додава Фетел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

