Македонија
(Видео) Заев најавува и петти амандман
Сега само се утврдува потреба за почнување уставни измени, ќе има понатаму гласање за нацртот, ќе имаме двотретинско гласање за уставните амандмани. Тоа е процес што ќе трае повеќе од 100 дена. Спремен сум да седнам со сите, вклучително и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за да можеме да изградиме сценарио и консензус по ова прашање, рече премиерот Зоран Заев во попладневниот дел од денешната седница за уставните амандамани.
„Ние сме само изработувачи на нацрт-амандмани и заедно ќе ги работиме ако треба и овде во парламентот ќе доаѓаме од Владата за да го потврдиме идентитетот, македонскиот јазик, во постојните амандмани или ќе изработиме и петти амандман. Грција нема ништо против нашиот идентитет и нашиот јазик. Спремен сум да разговарам со грчката страна затоа што тоа не е спорно. Проблемот е во разграничувањето на северна“, потенцира Заев.
Тој во реплика на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа-Милевска, која зборуваше за постигнување национален консензус, рече дека било направено сè од страна на Владата за инклузивност во процесот.
Со предложените 4 уставни амандмани се предлага во целиот текст на Уставот пред Република Македонија да се додаде придавката северна, измени во преамбулата на Уставот со именување конкретни документи на АСНОМ заради усогласување со договорот со Грција и поцврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии и грижа за Македонците и дијаспората во странство, што ќе значи дека Републиката ќе се грижи за културните, економските и социјалните права на нејзините припадници во странство, без да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

