Свет
(Видео) Канаѓаните чекаа цела ноќ за да купат легално марихуана
Утрово, во 2:30 часот по локално време, за првпат легално е купен канабис за рекреативни цели во Канада, на источниот остров Њуфаундленд, каде што стотици луѓе чекаа пред продавниците.
Канада на тој начин стана втора земја во светот, по Уругвај, во која е легализирано поседувањето и употребата на канабис за рекреативни цели, речиси сто години откако со закон беше забранет во таа земја. Медицинската марихуана е легална во Канада од 2001 година, јавува Би-би-си.
First recreational weed sold in St. John's, N.L.
Watch as customers in St. John's, N.L., count down to purchase legal recreational cannabis in Canada. Read the latest here: ctv.news/gcM1urM
Gepostet von CTV News am Dienstag, 16. Oktober 2018
Првиот купувач на марихуана, Иан Пауер од Сент Џон, минатата вечер чекаше во редица од 20 часот по локално време за да може „да влезе во историјата”. Њуфаундленд е првата провинција која доби легализација, имајќи предвид дека е половина час пред следната покраина на запад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН ги повикаа САД да го подмират долгот од над четири милијарди долари
Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок, ги повика САД целосно и навреме да ја подмират својата членарина кон светската организација, откако Вашингтон уплатил само дел од долгот.
Како што пренесе „Ројтерс“, САД уплатиле околу 160 милиони долари од вкупниот долг од повеќе од четири милијарди долари кон Обединети нации.
Генералниот секретар на ОН предупредил дека организацијата се соочува со „многу скор финансиски колапс“ поради неплатени членарини.
Баербок изјави дека „секојa земја членка мора да го плати својот придонес во целост и навреме“, додавајќи дека 160 милиони долари „очигледно не е целосниот износ“.
Минатата недела, американскиот претседател, Доналд Трамп, беше домаќин на состанок на својот „Одбор за мир“, иницијатива за која дел од експертите сметаат дека може да ги поткопа ОН. Баербок посочи дека за прашањата на мир и безбедност постои легитимно тело, односно Обединетите нации.
Регион
Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.
Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.
Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.
„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.
„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.
Свет
Руското разузнавање: Велика Британија и Франција префрлаат нуклеарно оружје во Украина
Руските сенатори побараа меѓународна и национална истрага откако руската Служба за надворешно разузнавање (SVR) изнесе тврдења за плановите на Велика Британија и Франција за трансфер на нуклеарно оружје во Украина.
Во соопштението на Советот на Федерацијата, сенаторите изразија загриженост во врска со потенцијалното испраќање нуклеарни експлозивни направи во Киев, барајќи од британскиот и францускиот парламент да започнат истраги за овие планови, објави ТАСС.
Сенаторите ги повикаа ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и Конференцијата за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT) да ги истражат тврдењата на SVR.
Беше нагласено дека реализацијата на ваквите планови може да доведе до ескалација на конфликтот и да создаде сериозни закани за безбедноста на Русија и Европа.
Во соопштението се наведува дека, според Нуклеарната доктрина на Руската Федерација, поддршката на нуклеарна сила на Украина може да се сфати како заеднички напад.
Претходно, СВР објави дека Франција и Велика Британија активно работат на снабдување на Украина со нуклеарно оружје, наведувајќи ја како можност испораката на француската мала боева глава ТН75 од балистичката ракета М51.1, пренесува Танјуг.

