Регион
На една од омилените плажи на туристите во Грција ќе никне хотел
На социјалните мрежи се појавија фотографии од една од омилените грчки плажи на туристите од нашите краеви, која полека го губи својот поранешен сјај. На неа ќе биде изграден голем хотелски комплекс.
Nikana.gr објави на нејзиниот фејсбук-профил дека плажата Агиос Јоанис во Ситонија се подготвува за изградба на голем хотелски комплекс.
Ovih dana na plaži Agios Ioannis na Sitoniji polako se vrše pripreme za izgradnju velikog hotelskog kompleksa.Već od…
Gepostet von Nikana.gr am Dienstag, 16. Oktober 2018
Тие споделија фотографии кои покажуваат како камионите и багерите ги заменија туристите.
Хотелскиот комплекс ќе биде изграден веднаш до плажата, а багерите забрзано го подготвуваат теренот.
Според нив, од следната сезона овој бисер на Ситонија повеќе нема да биде рај за оние туристи кои не сакаат претрупани плажи.
Оваа информација наиде на неодобрување од туристите, кои досега можеа да уживаат во оваа плажа во мир и тишина, без метеж.
Плажата е оддалечена 4 километри од Никити на патот кон Неа Мармарас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото+видео) Илјадници граѓани на протести низ Србија, блокирани сите три моста во Нови Сад
Студентите денеска блокираат три моста во Нови Сад, по повод три месеци од уривањето на настрешницата на градската железничка станица.
Блокадата започна во 15 часот. Варадински и мостот Жежељ мост ќе бидат блокирани три часа, а Мостот Слобода 24 часа.
На демонстрантите им се придружија белградските студенти кои во четвртокот тргнаа пеш кон Нови Сад.
Како што јавуваат српските медиуми, колоната е огромна и почнува од Универзитетот, а насобраните носат пароли и транспаренти. На самиот мост и неговите приоди веќе се собрани околу десет илјади граѓани.
Меѓу учесниците во блокадата на Мостот Слобода во Нови Сад има и трактористи, кои се распоредени по различни улици. Дел од нив се упатуваат кон мостот, а по нив студенти и граѓани.
По примерот на Нови Сад, денеска се блокирани и мостовите во Чачак.
Blokirani mostovi u Čačku ❤️ pic.twitter.com/qi3Kur6zsw
— Nikola Vujadinović (@vujadino2) February 1, 2025
Граѓаните се собраа и во Младеновац.
GO Mladenovac, 1.2.2025. pic.twitter.com/NYbMoHwYFb
— Predrag Aleksendrić 🌍 (@NaDrugiPogled__) February 1, 2025
Сите приоди од градот кон Дунав се блокирани. Ниту еден од нив не може да се пријде по ниту еден пат. Сообраќајот низ градот е или блокиран или се движи бавно.
Двете страни на реката, Сремска и Бачка, се практично одвоени, така што не може да се оди ниту во Петроварадин, ниту во Сремска Каменица.
Брнабиќ: Потребен ни е дијалог и разбирање
Претседателката на Националното собрание Ана Брнабиќ на социјалната мрежа „Х“ се огласи за претстојниот протест во Нови Сад . Таа рече дека „треба дијалог, разбирање и толеранција“.
Србији је потребан мир, потребна јој је стабилност, потребан јој је дијалог. Данас нам је у Новом Саду потребна толеранција и разумевање. Апелујем на све наше грађане да се клоне сваке врсте сукоба. Верујем да ће, нажалост, данас бити људи који ће свесно покушати да изазову…
— Ana Brnabic (@anabrnabic) February 1, 2025
Вучевиќ: „Градот ќе го казнат со блокирање на мостовите“
Зборувајќи за блокадите во Нови Сад, српскиот премиер Милош Вучевиќ рече дека не ги разбира, наведувајќи дека градот ќе биде казнет на овој начин.
Премиерот рече и дека во Србија владата може да се избира само на еден начин, на избори по волја на народот.
Вучиќ: „Се додека некој не ѝ се заканува на земјата со насилство, ние ќе бидеме флексибилни“
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера зборуваше за граѓанските и студентските протести.
– Се додека некој не ја загрозува стабилноста на земјата со насилство, ние ќе бидеме многу флексибилни и ќе се однесуваме многу фер кон оние кои размислуваат поинаку и поинаку ја гледаат иднината на нашата земја. Впрочем, тоа е смислата на демократијата – рече Вучиќ.
Правила за протест
Студентите апелираат до насобраните протестот да се одвива мирно и без инциденти. Дополнително, важно е никој да не остава ѓубре зад себе, за што ќе се погрижи тимот за хигиена на лице место. Тие ги повикуваат граѓаните да бидат толерантни и внимателни кон другите.
Тие нагласуваат дека се забранува секаков облик на насилство или уништување на градски имот, како и фрлање петарди или каква било употреба на експлозивни направи. Забрането е качување по мостови, со строго почитување на безбедносните зони.
Наведуваат и дека е забрането фрлање ѓубре и отпушоци надвор од канти и небезбедни приоди кон апаратите за греење. Исто така, забрането е искачување на трактор и блокирање на брзата лента за возила за итни случаи. Секое прекршување на правилата и сомнителни лица треба да се пријават кај чуварите.
Во несреќата која се случи на железничката станица во Нови Сад, на 1 ноември лани, загинаа 15 лица, меѓу кои и Македонецот Васко Саздовски.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Регион
Умерено силен земјотрес во близина на Сплит
Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерено силен земјотрес во Далмација во 5.02 часот.
Епицентарот бил во близина на островот Шолта, 22 километра југозападно од Сплит.
Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од четири до пет степени според ЕМС.