Контакт

концерти

Солистички концерт на пијанистката Елена Костовска

Објавено пред

Соло-концертот „Пијано рецитал“ на Елена Костовска ќе се одржи во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија денеска, од 18:30 часот.

dobivaj vesti na viber

Во програмата на концертот се предвидени композиции на светски познатите композиторски имиња како Франсоа Купрен, Клод Дебиси, Фредерик Шопен, Роберт Шуман, Ернесто Лекуона, а исто така ќе бидат интерпретирани и композиции на познатиот македонски композитор Томислав Зографски.

Елена Костовска е родена во Скопје. Во родниот град го има завршено Средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, во класата на проф. Драгољуб Апостолов. По завршувањето на Факултетот за музичка уметност, во класата на проф. Тодор Светиев, во 1997 година е примена на постдипломските студии по пијано на Високата школа за музика во Есен-Дуизбург, Германија, во класата на проф. Бернард Вамбах. Магистрира на истата школа во 1999 година, како стипендист на Лионс Клубот од Дуизбург, Министерството за култура на Република Македонија и  Фондацијата „Сорос“.

Има учества на натпревари во Република Македонија, а во 1995 година учествува на меѓународниот натпревар „Музиката и Земјата” во Софија, Бугарија, каде ја добива специјалната награда, а  учествува на меѓународниот натпревар во Виоти Валсесиа, Италија, 1999 година. Учествува на бројни мајсторски школи кај познати пијанисти и педагози (В. Крпан, Е. Корољов, А. Валдма), а посебно плодна соработка остварува со пијанистката Жени Захариева од Бугарија, проф. Арбо Валдма од Германија и проф. Питер Фојхтвенгер од Англија.

Елена Костовска има одржано концерти во Република Македонија, Германија, Грција и Велика Британија, а свој прв компакт-диск има снимано во 2016 година.

По завршувањето на постдипломските студии во Германија, од 1999 до 2003 работи како корепетитор на гудачка класа при Државниот музичко-балетски училишен центар во Скопје. Во моментот работи како наставник по пијано во истото училиште.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Почна фестивалот „Виноскоп 2023“

Објавено пред

Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.

dobivaj vesti na viber


Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.

Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.

Прикажи повеќе...

концерти

Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје

Објавено пред

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).

dobivaj vesti na viber

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.

Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.

На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

Прикажи повеќе...

концерти

(Видео) Џон Њуман и Бурак Јетер со Констракта пристигнуваат на „Егзит“ спектаклот во Струмица

Објавено пред

На второто издание на „Get EXITed“ настанот во Градскиот парк во Струмица на 7 септември пристигнуваат возбудливи светски и регионални имиња! На овој Егзитов спектакл, кој минатата година го посетија повеќе од 20.000 луѓе, ќе настапи мега-ѕвезда – единствениот продуцент, пејач, текстописец и диџеј Џон Њуман, кој со години суверено ја носи титулата поп и соул ѕвезда!

dobivaj vesti na viber

Во Струмица пристигнува и творецот на најголемите светски хитови Бурак Јетер, кој на овогодишниот „Егзит“ фестивал со спектакуларен настап до утро ги држеше разиграни десетиците илјади фанови пред Главната бина Горки Лист. Тие ѝ се придружуваат на неповторливата Констракта, а уште имиња ќе бидат објавени набргу. Струмичкиот „Get EXITed“ го организира „Егзит“ тимот во соработка со Општина Струмица, влезот на овој голем настан е слободен.

„Од првиот ‘Егзит’, гостите од Северна Македонија беа меѓу најбројните и особено задоволство ни е, уште еднаш да ја донесеме моќната енергија на ЕГЗИТ фестивалот во Струмица. Минатогодишното издание навистина ги надмина сите очекувања, за време на настанот немаше слободно сместување во околината на Струмица, туристите дојдоа од целиот регион, а на 7 септември со најголемите глобални и регионални имиња продолжуваме во уште посилен ритам“, најавува основачот и директор на ЕГЗИТ Фестивал Душан Ковачевиќ.

Џон Њуман (Јohn Newman), суверената поп/соул ѕвезда со преку 2,5 милијарди стримови и дури девет одлични песни кои беа број 1 на светските топ листи во Струмица го носи својот специјален хибриден настап, во чии рамки ќе ги изведе своите најголеми хитови. Зад себе има соработки со лидерите на музичкиот свет, меѓу кои се Дејвид Гета, Калвин Харис, Алесо, Рудиментал, Сигала, Најл Роџерс, Галантис и Кајго. Оствари настапи кои ја редефинираат кариерата, како што беше затворањето на фестивалот „Коачела“ со Калвин Харис, и приреди спектакуларни лајв изведби на настаните од светска класа, меѓу кои се „ЕГЗИТ“ и „Гластонбери“. Само што ја објави песната „Call Your Name“ со Алесо, на која  предодредено ѝ е да стане глобален хит и која е прогласена за песна на неверојатниот „Тумороуленд“ фестивал! Њуман зад себе ги има песните кои ги знае цел свет, како „Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), „Feel The Love“ и „Not Giving In“ (feat. Rudimental), „Cheating“ и многу други.

Со своите исклучителни хитови, програмата ќе ја засили и Бурак Јетер (Burak Yeter), турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј со речиси милијарда стримови само на „Јутјуб“. Изминатава деценија песните „Crash“, „Friday Night“, „Happy“, „Oh My My“ ја освојуваат планетата, радискиот етер и фестивалските сцени, додека „Tuesday“ заработи платинеста плакета во повеќе земји, а го создаде и многу забележителниот ремикс за прекрасната песна „My Life Is Going On“. Настапи на овогодишниот „ЕГЗИТ“ фестивал, на Главната бина Горки Лист, и во таа прилика уште еднаш го потврди својот статус на мега-ѕвезда која создава атмосфера и енергија за илјадници и илјадници луѓе.

Констракта беше првото најавено име на ова ново издание на „Get EXITed“ настанот. Една од најисклучителните музичарки од нашите простори и пошироко, го освои целиот свет со песната „In Corpore Sano“, што фрли заслужено светло на нејзината генијалност. На оние кои претходно не ја следеле нејзината самостојна работа им донесе целосно освежување и автентичност, но и изненаденост. „In corpore sano“ е дел од проектот „Triptih“, во кој се и песните „Nobl“ и „Mekano“, а авторка на сите текстови е Констракта. Следуваше уште еден триптих – „Evo, obećavam“, кој ја потврди посебноста на Констракта и нејзиниот тим, како и високите визуелни и музички стандарди кои ги поставија, со испраќање на силни и освестувачки општествени пораки.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не...

Македонија5 часа

Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија...

Македонија6 часа

100 дена протести во Љубојно: Жителите бараат запирање на сечата на шумата

Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат...

Македонија10 часа

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија12 часа

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија13 часа

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија14 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејства, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија14 часа

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија14 часа

Почна пријавувањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион15 часа

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа16 часа

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: многу населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион16 часа

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет17 часа

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет17 часа

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион17 часа

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија1 ден

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија1 ден

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион1 ден

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...