Црна хроника
Разбојништво во канцеларија на „Брза пошта“, одземени 680 000 денари
Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови во канцелеријата на „Брза пошта“ на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје засега непознат сторител извршил разбојништво, соопштија од полицијата.
Од МВР информираат дека лицето со закана со пиштол од вработената одзел 680 000 денари и побегнал. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Македонска Каменица: возел автомобил со туѓи регистарски таблички
Вчера во 23.00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода 43-годишниот М.Ј. од Македонска Каменица поради основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
При контрола на возилото „пежо 106“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека регистарските таблички не се од возилото, туку дека припаѓаат на друго возило и дека возилото го нема во евиденцијата на МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Малолетник со тешки повреди донесен во Поликлиниката Драчево: го нападнало куче
Вчера во 10.07 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Драчево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од село Студеничани, скопско.
Според пријавеното, малолетникот заедно со негов малолетен другар влегле во двор на правен субјект во с.Студеничани, сопственост на К.С.(29), при што неговиот другар одврзал едно куче кое потоа го нападнало и каснало малолетникот и му ги нанело повредите.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во автосервис во Сарај, опожарени четири патнички возила
Вчера во 22.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Љубин, општина Сарај, настанал пожар во објект, сопственост на 31-годишниот А.С. од село Љубин, од кој дел бил издаден под закуп на 51-годишниот С.А. од село Сарај и бил користен како автосервис.
Повредени лица нема, а во пожарот биле опожарени четири патнички возила кои биле во автосервисот.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.