Контакт

Вести

Најмалку 24 мртви во Багдад, и 17 ирачки војници и 120 џихадисти во Анбар

Објавено пред

Најмалку 24 луѓе се убиени и повеќе од 68 се ранети нападот со автомобил бомба извршен во саботата навечер во шиитскиот кварт Садр Сити на ирачката престолнина Багдад, а уште 17 ирачки војници загинале во неделата во напад врз нивните позиции во близина на градот Фалуџа, во централната ирачка провинција Анбар, каде што во изминатото деноноќие биле убиени 120 припадници на Исламската дражва.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата во квартот Садр Сити биле подметната на многу посетено место каде што се одвива купопродажба на автомобили, каде две дена претходно во напад со камион-бомба на пазар за земјоделски производи за кој одговорноста ја презема сунитската џихадистичка група Исламска држава беа убиени најмалку 54 луѓе а повеќе десетици беа ранети, пренесува Reuters.

Агенцијата AFP пренесува дека во саботата ноќта во ирачката престолнина Багдад, имало експлозии и во други шиитски и конфесионално мешани насеби, во коишто загинале најмалку девет луѓе.

Исламската држава ја презема одговорноста и за саботниот напад, истакнувајќи дека цел биле насобраните војници, полицајци и шиити, пренесува американскиот разузнавачки ресурс кој ги следи активностите на исламистичките интернет страници SITE. Во објавата на џихадистите се тврди дека во нападот во Садр Сити се убиени повеќе од 20 луѓе.

Во неделата радикалните сунитски групи извеле и терористички напад во близината на градот Фалуџа во провинцијата Анбар, при што биле убиени 17 војници.

„Во експлозијата предизвикана од терорист самоубиец и во престрелката со борците на Исламската држава во близина на Фалуџа загинаа 17 војници“, рекол за агенцијата Associated Press неименуван извор од ирачките локални власти.

Во јули започна големата операција на ирачката армија поддржана од шиитските милиции за ослободување на покраината Анбар, од чија територија Исламската држава контролира речиси 80 отсто. Во четвртокот ирачкото воено воздухопловство изврши воздушен напад врз позиции за кои се веруваше дека ги држат сунитските милитанти во Фалуџа, но притоа загинале 25 жени и деца, за што владата во Багдад отвори истрага.

Во неделата ирачкиот Центар за воени информации објави дека во изминатото деноноќие ликвидирала 120 борци на терористичката групација Исламска држава.

Според соопштението на кое се повикува агенцијата ТАСС „како резултат на активностите на ирачката армија во покраините Анбар и Салах-ал-Дин во изминатото деноноќие се ликвидирани 120 исламски радикали“.

Центарот истакнува дека воздухопловните сили на ирачката армија и на меѓународната коалиција предводена од САД во истиот период извеле 43 напади врз позициите на Исламската дражва, главно на приодите кој Рамади, административниот центар на најголемата ирачка покраина Анбар, каде што се водат и најжестоките борби. Според истиот извор, во воздушните удари биле убиени 45 припадници на Исламската дражва и биле уништени неколку оклопни транспортни возила и ракетни лансери./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ6 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ6 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија7 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија9 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија10 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ10 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија12 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија12 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија14 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ14 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ15 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија15 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион15 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет16 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа17 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион18 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија18 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија19 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...