Вести
Половина милион Бразилци бараа отповикување на претседателката Русеф

Низа масовни протести против политиките на претседателката Дилма Русеф и со барања за нејзино повлекување од функцијата, со учество на околу 500 илјади демонстранти според првичните процени, се одржаа во неделата во големите бразилски градови.
Учесниците на протестите истапија под мотото „Дилма, оди си!“ на улиците на неколку големи бразилски градови, особено во престолнината Бразилија, Сао Паоло и Рио де Жанеро. Според организаторите, на демонстрациите излегле 664.000 луѓе, што е помалку од најавените „милиони“, додека според процените на полицијата имало 419.000 демонстранти.
„Повеќе не можеме да ја толерираме корупцијата, не можеме да го трпиме таквото ниво на беда и страдања… Доколку Конгресот (бразилскиот парламент) не сфаќа ништо, мора да донесе решение за импичмент“, отповикување на претседателката Дилам Русеф, рекол за AFP еден од организаторите на протесниот марш во 20-милионската метропола Сао Паоло, Рожериу Шекер.
Неделните демонстрации се третите според бројноста од почетокот на годинава. Во март, на протестите против политиките на Русеф и владејачката Партија на работниците учествуваа околу милион луѓе низ целата земја, а во април околу 600.000 демонстранти, кои претседателката Русеф ја сметаат за одговорна за големиот корупциски скандал и економската криза.
Помалку од една година откако го презема вториот претседателски мандат, поддршката за левичарската челничка е падната во последните анкети на едноцифрени бројки, а две третини од испитаниците го поддржуваат нејзиното отповикување.
Поддршката на протестите е голема и поради зголемената невработеност и инфлацијата што ја најавуваат најголемата економска криза во Бразил од 1990 година. Владините мерки за штедење, исто така, ги одбиваат гласачите и предизвикуваат отпор кај многу пратеници.
Големото незадоволство во земјата го влоши и истрагата поради наводни корупција и перење пари во државната нафтена компанија „Petrobras“, која се прошири и на некои високи политички функционери. Станува збор за најголемиот корупциски скандал во бразилската историја.
Докази против претседателката Русеф досега не се пронајдени, меѓутоа многу демонстранти сметаат дека е одговорна бидејќи во периодот од 2003 до 2010 година беше претседателска на управата на „Petrobras“./крај/мф/сн
Извор: AFP/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.