Црна хроника
Кривична пријава за градоначалникот на Струга
СВР Охрид поднесе кривична пријава против градоначалникот на Струга и уште против три лица заради злоупотреба на службената положба.
Како што соопшти МВР, кривична пријава е поднесена против З.С.(44) од струшкото село Ливада, Р.Х.(48) од Велешта, Ѓ.Д.(50) од Струга и В.Л.А.(60) од Скопје. Првопријавениот З.С. во својство на градоначалник на општина Струга и одговорно лице во правно лице, во 2014 година издал паркинг за моторни возила во близина на зградата на Министерството за одбрана во Струга кај градското пливалиште кое со решение е означено како локација под заштита на државата. Тој, со закупувачот ДООЕЛ,, Пошка – Сони од струшкото село Франгово потпишал договор за период од 12.08.2014 заклучно со 11.08.2016 година, а не за три месеци како што е предвидено во тендерот согласно предходно донесената одлука за утврдување најуспешен учесник на надавањето од 15.07.2014 год со вкупно 30 паркинг места за три месеци во текот на тековната годината (јуни, јули и август 2015 година). На 22.09.2015 година, при извршена контрола констатирано е дека горенаведеното претпријатие иако требало да прекине со наплата на услугите за паркирање сепак продолжило со наплата на паркинг услуги. Покрај ова, пријавениот З.С. во својство на градоначалник на општина Струга спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за градба, во февруари минатата година, издал решение со кое се утврдува правниот статус на три бесправно изградени објекти на име на општина Струга а на штета на Република Македонија. Второпријавениот Р.Х. во својство на раководител на секторот за урбанизам при општина Струга, спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, издал урбанистичка согласност за бесправно изграден објект со кое се констатира дека се исполнети условите за издавање на урбанистичка согласност. Третопријавениот Ѓ.Д. како претседател на Комисијата за легализација на бесправно изградени објекти при Општина Струга, спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти составил записник за легализација на бесправно изграден објект. Четврто пријавениот В.Л.А. во својство на директор на Управата за заштита на културно наследство при Министерството за култура, со акт од октомври 2014 година, издал согласност дека може да биде регулиран правниот статус на објектите при тоа во согласноста не укажал дека може да се промени носителот на сопственост.Предметните три објекти кои датираат уште од 1934 година не можеле да бидат предмет на легализација бидејќи објектите, со решение од Министерството за култура- Управа за заштита на културно наследство, биле прогласени како објекти од значајно културно наследство во сопственост на Република Македонија. Според законот за приватизација и законот за градење, градбите односно објектите кои се изградени пред 15.02.1968 година се сметаат за објекти кои што се со уредна градежно техничка документација и без оглед дали поседуваат таква документација се сметаат за легални објекти. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

