Спорт
Ферари ќе му даде само уште една шанса на Фетел?
Себастијан Фетел може и официјално да ја загуби борбата за титулата во Ф1 од Луис Хамилтон веќе овој викенд во САД, но може да го загуби и престижното место во Ферари ако следната година не ја донесе толку посакуваната титула, тврди „Газета дело спорт“…


Себастијан Фетел може и официјално да ја загуби борбата за титулата во Ф1 од Луис Хамилтон веќе овој викенд во САД, но може да го загуби и престижното место во Ферари ако в година не ја донесе толку посакуваната титула, тврди „Газета дело спорт“.
Според почитуваниот соработник на „Газета“, Луиџи Перна, во Ферари се разочарани што и оваа година титулата им избега и покрај тоа што Скудерија имаше подобар болид од Мерцедес во првиот дел од сезоната и тие полека ја губат довербата во Германецот, кој останува изолиран во Маранело.
Според Перна, во самиот договор на Фетел со Скудерија има клаузула за прекин на договорот доколку не се освои титула до 2019 година. Официјално, од Ферари не ја коментираа веста, но минатата недела шефот на Ферари, Маурицио Аривабене, му даде целосна поддршка на Фетел.
„Сигурен сум дека порано или подоцна титулата ќе дојде во Маранело во рацете на Фетел“, изјави Аривабене.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“