Контакт

Македонија

Владината делегација се обрати на бизнис форум во Лос Анџелес

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски и членовите на владината делегација, во четвртокот присуствуваа и се обратија на бизнис форум во Лос Анџелес, САД каде ги претставија можностите и  поволностите кои ги овозможува нашата земја за реализација на странски инвестиции. 

dobivaj vesti na viber

 

Лос Анџелес е втор најголем град во САД, и е седиште на технолошката индустрија, медицината, образованието, телевизиската и филмската индустрија, тој воедно е и втор по големина по растот на бруто регионалниот производ во САД.

 

Премиерот Груевски им порача на присутните дека Владата е пријателски насочена кон бизнисот и развој на можностите кои им стојат на располагање на приватните инвеститори.

 

„Ние веруваме дека колку повеќе го поддржуваме бизнисот ние ги поддржуваме сите граѓани, бидејќи бизнисот создава работни места и тој создава подобри услови за живот во нашата држава”, изјави Груевски.

 

Груевски, покрај поволностите и олеснувањата кои се овозможени за инвеститорите кои ќе решат да го вложат својот капитал, додаде дека Владата направи напредок и во борбата против корупција и нејзиното намалување.

 

„Тоа допринесе да имаме напредок на листата на „Транспаренси Интернешнл“ за борба против корупцијата за 40 места за период од 6 до 7 места”, изјави премиерот Груевски.

 

Тој изјави дека Владата е фокусирана кон вложувањата и развојот на образованието, на сите фази, почнувајќи од основното, средното и високото образование.

 

“Направивме многу работи и промени, во основните училишта воведовме изучување на англиски јазик уште од прво одделение, средното училиште направивме да е бесплатно и задолжително, отворивме нови универзитети и факултети, соработуваме со Кембриџ во однос на предметите кои се изучуваат во основното и средно образование. Вложуваме и во квалитетот на образованието, преведувајќи повеќе од 1000 книги на кои се изучува на топ 10 универзитети во светот, а се обезбедија и нови лаборaтории и опрема. Доброто образование е добар капитал кој треба да го искористат компаниите”, изјави премиерот Груевски.

 

Груевски ги покани присутните инвеститори да дојдат во Македонија.

 

„Оние кои планираат да започнат бизнис, или сакаат да отворат нов капацитет или, пак, да префрлат дел од постоечкиот на нова локација, пред да ја донесат одлуката да дојдат во Македонија, нека зборуваат најпрво со инвеститорите кои веќе инвестирале во Македонија за да се уверете дека она што го зборуваме денес е вистина”, изјави Груевски.

 

Министерот Бил Павлески ги акцентираше поволностите кои се нудат на инвеститорите, и истакна дека компаниите прават анализи за потенцијални инвестиции во нашата земја.

 

„Денес презентираме пред компании кои доаѓаат од различни сектори, од информатичката и технолошката индустрија, филмската индустрија. Овие компании беа заинтересирани за можностите за инвестирање во Република Македонија, за поволната даночна политика, добро образованиот кадар во државата што е доста важно за нив и секако тие ги разгледуваат сите останати можности кои се нудат за водење на бизнис”, изјави Павлески.

 

Извршниот директор на компанијата „Алорика“, Енди Ли, компанија која се занимава со аутсортинг и консалтинг услуги која воедно вработува над 16 илјади луѓе во светот, активно ги разгледува можностите за инвестирање и е во процес на планирање на конкретна соработка. Тој по форумот изјави дека како компанија работат во многу држави во светот, и она што имале можност да го слушнат од бизнис форумот е дека човек може да биде задоволен од водењето бизнис во Македонија.

 

„Македонија има високо образована работна сила и е многу посветена на привлекување на инвеститори, и Влада која го поддржува бизнисот што од моја перспектива укажува на тоа дека има сè што ни е потребно да бидеме успешни, при што со нетрпение очекуваме да дојдеме и да научиме повеќе. Ние ќе ја посетуваме Македонија во наредните три месеци за да направиме детални анализи за можноста да отпочнеме бизнис во државата”, изјави извршниот директор Енди Ли.

 

Сопственикот на компанијата „Иноваворкс“, која се занимава со развивање на софтверски решенија, Дејвид Хантер кој веќе пред неколку години има формирано претставништво во Република Македонија е задоволен од поддршката која ја добива.

 

„Моето искуство од соработката со Владата го направи секој аспект од нашата работа многу полесен. Мојот план во Македонија е да се прошириме, сакаме да работиме со поголеми компании, со користење на обучена работна сила од повеќе области”, изјави Хантер./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Од полноќ поскап бензин, цената на дизелот останува иста

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,977%, кај дизелот за 0,464%, кај екстра лесното масло за 0,370% и кај мазутот зголемувањето е за 3,965%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035%.

Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 35,542 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 ден/кг и сега ќе изнесува 35,542 ден/кг.

 

Прикажи повеќе...

Економија

ТИТАН Усје: Работиме согласно сите закони, емисиите се мерат 24 часа со независен мониторинг – нема надминувања на лимитите

Објавено пред

ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од 70 години работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, меѓу кои болници, брани, патна и јавна инфраструктура.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина, давајќи, како што велат, транспарентен придонес кон решавање на овие прашања.

„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити“, велат од ТИТАН Усје.

Како членка на Групацијата ТИТАН, компанијата информира дека ги следи меѓународно признатите практики и ESG стандарди, со долгорочна посветеност на заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и современото корпоративно управување.

Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни три милиони евра се планирани до 2029 година.

Од компанијата посочуваат дека нивни приоритети остануваат партнерствата, благосостојбата на вработените и континуираната поддршка на заедницата.

Прикажи повеќе...

Економија

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Објавено пред

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при извршувањето на плаќањата без физичко присуство.

dobivaj vesti na viber

Имајќи предвид дека граѓаните и компаниите имаат сѐ поголема потреба за извршување секојдневни онлајн купопродажби, а со тоа и плаќања преку интернет, заради нивната брзина и практичност, се зголемува и потребата од повисоко ниво на безбедност. Дигиталните напади и обидите за злоупотреба на податоците од картичките стануваат сѐ почести, па затоа се воведува дополнителна проверка на идентитетот на лицето кое го врши плаќањето, велат од Народната банка.

Засилената автентикација му овозможува на клиентот на банката, при плаќање на интернет, покрај внесувањето на податоците од картичката, да даде дополнителна потврда за трансакцијата преку официјална апликација на банката, којашто се инсталира на мобилен телефон и му овозможува безбедно да ги следи своите сметки и да одобрува плаќања. Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање на лице. Без оваа потврда, плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги има податоците од картичката.

Засилената автентикација како законска обврска за давателите на платежни услуги произлегува од Законот за платежни услуги и платни системи. Таа се воведува постепено во земјава и веќе е во примена при извршувањето онлајн увид во платежните сметки од страна на клиентите, како и при извршувањето плаќања со платежни картички на физичките продажни места или со платни налози преку електронското или мобилното банкарство. Со примената на засилената автентикација и при извршувањето на плаќањата преку интернет, од 1 март 2026 година, се заокружува процесот на усогласување со правилата и стандардите што се применуваат во Европската Унија за безбедно извршување онлајн плаќања.

Со оваа промена се зајакнува довербата во дигиталните плаќања и се унапредува заштитата на корисниците, се додава во соопштението на Народната банка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија1 час

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија2 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија2 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија3 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија3 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија3 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија3 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет7 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет7 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет8 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет8 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа8 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет8 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет14 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет14 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет16 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија17 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија18 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија19 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...