Економија
Нора Алити: Без евро-атланска интеграција невозможно е привлекување на повеќе инвестиции

Песимизмот и неизвесноста се најголемиот непријател на пазарот на капитал. Лесно се менуваат стратегиите на инвеститорите бидејќи ако очекуваат полоши времиња и политички тензии, тогаш едноставно неинвестираат и наоѓаат друга дестинација која им е поволна за вложување. Без евро-атланска интеграција речиси е невозможно да се добие битката со привлекување на што е можно повеќе инвестиции, истакна претседателот на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, на дебатата на тема „Перспективите на младите лица од полноправното членство на земјата во Европската Унија и НАТО”, што беше организирана од страна на Институтот за бизнис и менаџмент „Хајделберг“ – Скопје.
Алити потенцираше дека нема политички процес без економски импликации, нема раст без инвестиции, без раст нема вработеност, а сето тоа го нема без членство во НАТО и во ЕУ. Таа посочи дека пазарот на хартии од вредност има ниско ниво на пазарна капитализација и мала ликвидност, се чини дека кога националните пазари се мали и фрагментирани еден од друг, фирмите како да не се во можност целосно да ги искористат економиите од обем.
Потребна е интеграција, вели Алити, преку која се очекува да дојде до поврзување на ресурсите на фрагментираните и на различен степен на развој пазари на хартии од вредност, што, пак, ќе влијае врз можноста да се мобилизираат локалниот и меѓународен капитал во насока на нивен инфраструктурен развој, а преку тоа и на целокупниот финансиски систем.
Кога станува збор за усогласувањето со европските стандарди, како што истакна Алити, нашиот пазар на капитал има и недостаток, но и предност. Недостатокот произлегува од неговите неискористени капацитети (мал промет, слаба ликвидност, сиромашен берзански материјал, пазарната длабочина и сл) па оттука потребно е и повеќе време за јасно и прецизно да се согледа оваа област, додека, пак, предноста на малите пазарни системи е во нивната поголема моќ за брзо и ефикасно прилагодување.
Алити во оваа пригода ги спомена најновите трендови за формирање посебни платформи за поддршка на т.н. стартап-бизниси, кои се пример за придобивките од интегрирањето. Според неа, особено се интересни т.н. crowdfunding платформи и како успешен пример го посочи младиот претприемач 22-годишниот Иван Мрвош од околината на Сплит познат по своите паметни клупи, а кој преку компанијата Include покрена crowdfunding кампања на новата платформа на Хрватската берза во соработка со естонската Funderbeam и успеа да собере повеќе од потребните 400 илјади евра. ,,Посакувам, заклучи претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, м-р Нора Алити, во скоро време да зборуваме за успешните приказни на нашите Марија, Бесим, Фуркан, Новак… како иноватори со капитализирани проекти на овој начин“,.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 % во однос на одлуката од 6.10.2025 година.
Од 14.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,661 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,001 ден/кг и сега изнесува 36,661 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,358% и кај дизелот за 2,566%, кај екстра лесното масло за 2,450% и кај мазутот намалувањето е за 0,645%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110%.
Економија
Халкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит

Халкбанк АД Скопје им овозможува на своите клиенти нова можност да ги реализираат своите желби и планови под поволни услови, преку промотивната понуда за Промо потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата.
Новиот производ на Халкбанк е со максимален износ до 2 500 000 денари, со можност за отплата до 120 месеци, и камата што останува непроменета во текот на целиот период на отплата. За кредити со рок до 95 месеци, каматната стапка изнесува 5% фиксна, а за кредити со рок до 120 месеци – 5,7% фиксна, со вклучено осигурување (CPI или Живот + Незгода).
Кредитната способност за вработени лица изнесува до 50% од месечните примања, додека пензионерите можат да користат кредит до 600 000 денари, по фиксна камата од 5%, со рок на отплата до 120 месеци, и кредитна способност до 40% од износот на пензијата.
Покрај поволните услови, Промо потрошувачкиот кредит овозможува висок степен на заштита и сигурност, благодарение на вклучените осигурителни полиси за случај на несреќа, боледување или невработеност, издадени од Халк Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување – Живот АД Скопје.
Со вкупна стапка на трошок (СВТ) од 5,78% за кредити со рок на отплата до 95 месеци и 6,53% за кредити до 120 месеци, оваа промотивна понуда претставува една од најповолните и најсигурни можности на пазарот за реализација на лични цели и финансиски планови.
Промоцијата е со важност до 30 ноември 2025 година.
(ПР)
Економија
МЗШВ: Во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на домашниот и меѓународниот пазар.
Мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од ИПАРД Програмата овозможува финансиска поддршка за модернизација на преработувачките капацитети, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и усогласување со европските стандарди. Преку оваа мерка се поддржува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор во целина.
Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата за периодот 2021 – 2027 година).
Министерството ги повикува сите заинтересирани да започнат со навремена подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните објави на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.