Црна хроника
Кривична пријава против поранешен вработен во битолскиот Центар за управување со кризи

Секторот за внатрешни работи во Битола поднесе кривична пријава против 26-годишен битолчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниии и прекурсори“, велат од полицијата.
Од МВР во соопштението се наведува дека 9 ноември минтата година во Битола во просториите на регионалниот Центар за управување со кризи, од страна на полициски службеници, при претрес во работната просторија на пријавениот била пронајдена и одземена дигитална вага со траги од непозната растителна материја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.