Контакт

Македонија

Четворица обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставните измени

Објавено пред

Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. „За“ гласаа и обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, и тоа Сашо Василевски, Елизабета Канческа-Милевска, Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски. Василевски, Арнаудов и Мукоски се обвнети за настаните од 27 април и тие оваа недела беа ослободени од куќен притвор, а судот им определи мерки на претпазливост. Ексминистерката за култура, пак, е обвинета во предметот „Тендери“.

dobivaj vesti na viber

Пратеничката Владанка Авировиќ од опозициската Социјалистичка партија, чиј син Василије е осуден за случајот „Труст“, исто така гласаше „за“. „За“ гласаа и уште тројца пратеници од опозицијата – Емилија Александрова, Нола Исмајловска и Заќир Рамчиловиќ.

Другите обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ против кои се води судски процес, Никола Груевски, Илија Димовски, Даниела Рангелова, Јохан Тарчуловски, гласаа „против“.

Против уставните измени гласаа 39 пратеници.

Македонија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· Oд 09:00 до 14:30 часот, дел од корисниците на ул.Мечкин Камен и ул.Дубровничка.(Општина Ѓорче Петров).

· Oд 12:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од ул. 4 во Ново Село .(Општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Македонија

Претпладне облачно со повремен локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува

Објавено пред

Времето денеска, претпладне облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

Претседателот на Харвард: Партиите не треба да диктираат што да учат универзитетите

Претседателот на Харвард, Алан Гарбер, вчера во јавно писмо напиша дека најстариот и еден од најпочитуваните универзитети во САД се...

Свет43 минути

Харвард ги отфрли барањата на Трамп, губи 2,2 милијарди долари федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп објави дека замрзнува повеќе од 2 милијарди долари федерално финансирање за Харвард, само неколку часа...

Европа54 минути

Лавров: САД блокираа 95 отсто од трговијата со Русија, но ние не бараме милост

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не бара укинување на санкциите, но системот на американски мерки...

Македонија12 часа

(Видео) „Сите идеали не се вредни колку солзите на едно дете“ со насолзени очи советничка во Кочани си поднесе оставка

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани, Кристина Атанасова Арсова, денес на седницата за избор на в.д. градоначалник си...

Регион14 часа

Бугарија бара одговор: Три месеци чекаме РСМ да одлучи дали ќе работиме или само ќе разговараме за Коридорот 8

До денес, Коридорот 8 зависи од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија. Испративме договор таму за единственото нешто...

Свет14 часа

Медведев до Мерц: „Размисли двапати нацисту“

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го нарече новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, нацист поради, како што рече,...

Свет17 часа

Русите се огласија по крвавиот напад на Суми: Цел ни беше состанокот на воените команданти

Еден ден по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми, во кој беа убиени најмалку 34 лица, меѓу кои две...

Македонија18 часа

Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот...

Македонија19 часа

Палевски тврди дека не ги извршил убиствата и грабнувањата: „Ако сакав пари, ќе уценував милијардери, имав 200.000 телефонски разговори“

Љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочи во Основниот кривичен суд во Скопје тврдејќи...

Македонија22 часа

„Филипче, наместо Клинички центар, изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на...

Македонија22 часа

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

„Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса. И...

Европа23 часа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Додека Очите на Европа и на Запад главно се насочени кон војната во Украина, тензиите на Западен Балкан растат се...

Македонија23 часа

Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата

„Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите...

Македонија23 часа

ЦУК: Пронајдени рачни бомби во нива во Тетовско и американска авионска бомба од минатите војни во Битолско

За пронајдени неексплодирани убојни средства известува РЦУК Тетово. Конкретно, преку 112 во ЦУК е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна...

Македонија23 часа

ДУИ: Прес-конференцијата на Тошковски и Коцевски – најголемата карикатура на заробената држава

„Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува најголемата карикатура на заробената држава“, велат...

Европа24 часа

(Видео) Европа го осуди рускиот ракетен напад врз Суми: „Суровоста повторно удри“

Најмалку 34 лица, меѓу кои две деца, загинаа вчераутро во руски ракетен напад врз украинскиот град Суми, додека други 117...

Свет1 ден

Подметнат пожар во домот на гувернерот на Пенсилванија: полицијата го разбуди и го евакуира

38-годишен маж е уапсен и ќе се соочи со обвинение откако наводно ја запалил официјалната резиденција на гувернерот на Пенсилванија...

Топ1 ден

Полицијата го пронајде девојчето, кое вчера се оддалечило од дома

Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа малолетното девојче од село Кадино, скопско за кое вчера едниот родител во Полициска...

Македонија1 ден

Судот изрече притвор за четири лица од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Судот на четири лица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор и мерки...

Македонија2 дена

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако...